Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Соопштенија arrow Соопштение
Соопштение Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

11.07.2016

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
согласно Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата во 2015 година
 

Согласно член 49 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и член 21 став 1 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата до Собранието на Република Македонија поднесе Годишен извештај за работата на Државната комисија во 2015 година, почитувајќи ги начелата на законитост, јавност, транспарентност, отчетност и одговорност.

Извештајот за 2015 година веродостојно и аргументирано ја отсликува работата на Државната комисија за спречување на корупцијата во сите сегменти на нејзините законски надлежности и на објективен начин ги презентира резултатите во наведениот период.

Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата во 2015 година е јавно објавен и достапен на веб страната на Комисијата.

1 . ПОСТАПУВАЊЕ ВО СПРЕЧУВАЊЕТО НА КОРУПЦИЈАТА

Државната комисија за спречување на корупцијата спроведувајќи ги своите законски надлежности во делот на спречувањето на корупцијата во политиката, во вршењето на јавните овластувања и во вршењето на работите од јавен интерес континуирано постапуваше по конкретни предмети, и тоа:

Во 2015 година се оформени вкупно 124 предмети по пријава за постоење елементи за корупција од граѓани, правни лица и предмети оформени по сопствена иницијатива на ДКСК. Во наведениот период ДКСК постапуваше по вкупно 273 предмети, од нив, решени се вкупно 137 предмети.

О Б Л А С Т РЕШЕНИ ПРЕДМЕТИ
СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ВО ВРШЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ОВЛАСТУВАЊА 41
СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ВО ВРШЕЊЕ НА РАБОТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС 41
ПРАВОСУДСТВО 23
СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ВО ПОЛИТИКАТА 1
ДРУГИ ПРЕДМЕТИ 31
ВКУПНО 131

Во 2 предмети ДКСК одлучи до Јавното обвинителство на Република Македонија да покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на избрани или именувани функционери, службени лица или одговорни лица во јавни претпријатија, јавни установи и други правни лица што располагаат со државен капитал, додека во 2 предмети ДКСК одлучи да покрене иницијатива за поведување постапка пред надлежен орган за разрешување на одговорно лице.

2. РАБОТА ПО ПРЕДМЕТИ ОД ОБЛАСТА НА СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ

Државната комисија постапката за утврдување на судир на интереси ја спроведува врз основа на начелата на законитост, доверливост, објективност, непристрасност и неселективност. Во 2015 година во Државната комисија се оформени вкупно 107 нови предмети од областа на судирот на интереси. Завршени се вкупно 122 предмети, од кои 64 предмети од предметната година, а затворени се и дополнително 58 предмети, примени и отворени во претходните години. Предметите се оформени по пријави поднесени од службени лица, нивни претпоставени, односно функционери кои раководат со државните органи, од анонимни подносители, како и по пријави од други заинтересирани лица и предмети оформени по наоѓање на ДКСК.

Од ново отворените предмети во текот на предметната година, ДКСК во 13 случаи констатира постоење судир на интереси. Согласно со член 25 став 1 алинеја 1 во врска со член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси, ДКСК изрече вкупно 16 јавни опомени на службени лица кои беа во судир на интереси поради кумулација на функции и повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси и не постапија по нејзините укажувања, односно кои не се откажаа од извршувањето на кумулираните функции кои истовремено ги извршуваа.

Во 2 случаи, Државната комисија констатира дека се работи за злоупотреба на службената положба и овластување, односно за несовесно работење во службата и поднесе иницијативи за разрешување од извршување јавни овластувања и должности до надлежниот орган кој ги именувал/избрал, бидејќи истите службени лица останаа и натаму во состојба на судир на интереси и не постапија по барањата на ДКСК за надминувања на истата состојба.

2.1. ИЗЈАВИ ЗА ИНТЕРЕСИ

Изјавите за интереси што ги прибира ДКСК истовремено содржински ги проверува и притоа се констатира дека кај службени лица најчесто се појавува судир на интереси преку кумулација на функции и повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси.

Во 2015 година се примени вкупно 437 изјави за интереси од кои 68 изјави за интереси се од службени лица кои своите овластувања ги извршуваат во сферата на локалната самоуправа, 34 изјави во областа на правосудството и 335 изјави за интереси од службени лица во органите на државната власт.

Државната комисија за спречување на корупцијата во континуитет врши проверка на изјавите за интереси поднесени од службените лица од членот 20-а од Законот за спречување судир на интереси.

Од вкупниот број поднесени изјави за интереси ДКСК кај 39 службени лица констатира постапување спротивно на одредбите од Законот за спречување судир на интереси (кумулација на функции и повреда на член 9) и од овие е побарано да ја отстранат констатираната повреда, по што постапувањето е завршено во 13 случаи, а останатите се во тек.

Вкупниот број на изјави за интереси доставени до ДКСК сметано од моментот на воспоставување на обврската за нивно поднесување, согласно со измените на Законот за спречување судир на интереси во 2009 година, а заклучно со крајот на 2015 година изнесува 6.976 изјави за интереси.

2015 ПОДНЕСЕНИ ИЗЈАВИ ЗА ИНТЕРЕСИ
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА 68
ПРАВОСУДСТВО 34
ДРЖАВНИ ОРГАНИ 335
ВКУПНО 437

Во 2015 година предмет на проверка беа изјавите за интереси поднесени од страна на јавните обвинители на сите Основни јавни обвинителства во Македонија. Во овој период беа проверени вкупно 116 изјави за интереси.

Истовремено се констатира дека обврската за доставување изјава за интереси до ДКСК ја немаа исполнето тројца јавни обвинители, од ОЈО Прилеп, ОЈО Струмица и ОЈО Охрид и против истите во смисла на член 20-а во врска со член 31-а од Законот за спречување судир на интереси до судот за прекршоци беа поднесени барања за поведување прекршочна постапка.

 

3. ЕВИДЕНТИРАЊЕ И СЛЕДЕЊЕ НА ИМОТНАТА СОСТОЈБА ВО 2015 ГОДИНА

Согласно со членот 33 од Законот за спречување на корупцијата во 2015 година до ДКСК се доставени 552 анкетни листови по избор или именување на функцијата, 145 анкетни листови по престанок на функцијата, 17 известувања за промена на функцијата и 14 за повторен избор. Во истиот овој период добиени се 404 пријави за промена на имотната состојба согласно со членот 34 од законот во кој е пропишана обврската во текот на извршувањето на функцијата да се пријави секое зголемување на имотот чија вредност го надминува износот од 20 просечни нето плати, исплатени во претходниот тримесечен период.

ПОДНЕСЕНИ АНКЕТНИ ЛИСТОВИ ВО 2015 ГОДИНА

Анкетни листови по избор/именување на функција 552
Анкетни листови по престанок на функција 145
Промена на функција 17
Анкетен лист/Известување за повторен избор 14
Известувања за промена на имотна состојба 404
ВКУПНО 1132

Јавното објавување на податоците од анкетните листови на WEB страницата на ДКСК, придонесе да се зголеми свеста за почитување на законската обврска за поднесување на анкетен лист и пријавување на промени во имотната состојба а со тоа се намали и бројот на лица кои не поднеле анкетен лист.

Во 2015 година ДКСК, согласно со законските надлежности, против 7 избрани и именувани функционери до надлежниот суд поднесе барања за поведување прекршочни постапки поради не доставување анкетен лист односно непријавување промени на имотната состојба. Во овој период по овие и по претходно поднесените барања, судовите донеле 19 одлуки.

Во текот на 2015 година ДКСК до Управата за јавни приходи достави вкупно 10 барања за поведување постапка за испитување на имот и имотната состојба на избрани и наименувани лица. Според известувањата од УЈП, завршени се 19 постапки за испитување на имотот и имотната состојба иницирани од ДКСК во предходниот период. Во еден случај е донесено решение со кое лицето се задолжува со персонален данок на доход по основ на непријавени и неоданочени приходи во износ од 447.999,00 денари.

ДКСК минатата година, започна со проверка на податоците од анкетните листови на 43 избрани и именувани лица, по случаен избор на ИД број во електронската база и тоа: - 3 лица од законодавната власт; - 11 лица од извршната власт; - 10 лица од судската власт; и -19 лица кои вршат функции во единиците на локалната самоуправа.

ДКСК континуирано ги обработува новите анкетни листови и ги ажурира измените на податоците за имотната состојба, така што на својата веб страница има објавено податоци од 4.390 анкетни листови на актуелно избрани или именувани лица. Во јуни 2015 година донесен е Законот за измени и дополнувања на Законот за спречување на корупцијата со кој се воведува Регистар на избрани и именувани лица кој ќе претставува единствена база на податоци за избраните и именуваните лица.

4. АНТИКОРУПЦИСКА ПРОВЕРКА НА ЛЕГИСЛАТИВАТА

ДКСК донесе и усвои Методологија за антикорупциска проверка на легислативата што претставува важен превентивен антикорупциски механизам и унапредување на спроведувањето на надлежноста на Државна комисија за спречување на корупцијата согласно со Листата на итни реформски приоритети за Република Македонија, доставен од страна на Европската комисија. Во таа насока, се формираше на Одделение за антикорупциска проверка на легислативата во рамки на Секретаријатот на ДКСК, за чија што реализација беше објавен оглас за вработување на 5 извршители.

Целиот текст на Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата во 2015 година може да се најде на следниот линк

или на веб страната на Државната комисија за спречување на корупцијата: www.dksk.org.mk

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo