Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна
Јавна Опомена Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

15.07.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси, констатира состојба на судир на интереси кај лицето Лавдурим Вејселовски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси, односно, именуваното лице, покрај функцијата член на Советот на Општина Центар Жупа ја извршуваше и функцијата управител на трговското друштво – Градежно, производно и услужно друштво „ВЕЈС-КОМ“ ДООЕЛ експорт-импорт Центар Жупа.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува.

 

Лавдурим Вејселовски постапил согласно бараното од страна на Државната комисија, односно направил промена на управителската функција на наведеното трговско друштво, но за нов управител на трговското друштво – Градежно, производно и услужно друштво „ВЕЈС-КОМ“ ДООЕЛ експорт-импорт Центар Жупа, го назначил лицето Цено Вејселовски, кое е негово блиско лице, по што повторно се ставил во состојба на судир на интереси, за таа цел Државната комисија, повторно се обрати до Лавдурим Вејселовски со барање да превземе чекори во насока на отстранување на утврдените повреди на член 9 в.в. со член 3 став 1 алинеја 5 од Законот за спречување судир на интереси, на начин што од ова лице побара во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето, да постапи по укажувањето на Државната комисија.

Лавдурим Вејселовски не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена.

 

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo

Превземи вести