Јавна Опомена |
![]() |
![]() |
![]() 15.07.2016 Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси, констатира состојба на судир на интереси кај лицето Лавдурим Вејселовски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси, односно, именуваното лице, покрај функцијата член на Советот на Општина Центар Жупа ја извршуваше и функцијата управител на трговското друштво – Градежно, производно и услужно друштво „ВЕЈС-КОМ“ ДООЕЛ експорт-импорт Центар Жупа. Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува.
Лавдурим Вејселовски постапил согласно бараното од страна на Државната комисија, односно направил промена на управителската функција на наведеното трговско друштво, но за нов управител на трговското друштво – Градежно, производно и услужно друштво „ВЕЈС-КОМ“ ДООЕЛ експорт-импорт Центар Жупа, го назначил лицето Цено Вејселовски, кое е негово блиско лице, по што повторно се ставил во состојба на судир на интереси, за таа цел Државната комисија, повторно се обрати до Лавдурим Вејселовски со барање да превземе чекори во насока на отстранување на утврдените повреди на член 9 в.в. со член 3 став 1 алинеја 5 од Законот за спречување судир на интереси, на начин што од ова лице побара во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето, да постапи по укажувањето на Државната комисија. Лавдурим Вејселовски не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена.
Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање. Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста. |
< Претходно | Следно > |
---|