Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Јавна опомена Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

05.09.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Незаретин Шерифовски и Медија Јахја поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси:

1) Незаретин Шерифовски – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функциите член на Советот на општина Ресен, управител на Приватна здравствена ординација-аптека„ХРИЗАНТЕМА“ П.О. Ресен и управител на трговско друштво-Друштво за производство, трговија на голема и мало, транспорт, услуги и угостителство „ЕПЛ ТРЕЈД КОМПАНИ-БАМБИ“ ДООЕЛ увоз-извоз Ресен.

2) Медија Јахја – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функциите член на Советот на општина Маврово и Ростуше и управител на Друштво за трговија угостителство и занаетчиство„ЛОКУВ ИМПОРТ 94“ Медија ДООЕЛ с.Требиште-Ростуше.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува.

 

Незаретин Шерифовски и Медија Јахја не постапија по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да и се изрече мерка јавна опомена.

 

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo