Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Соопштенија arrow Соопштение
Соопштение Испечати Е-пошта
press 09.12.2010 019

07.10.2016

Државната комисија за спречување на корупција, во соработка со Германската сојузна служба за администрација, во рамките на ИПА Твининг проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“ организираше конференција на тема: „Напредни методи за мониторинг на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи“

Поздравни говори имаа Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата д-р Игор Тантуровски, Министерот за правда Валдет Џафери, Амбасадарот на ЕУ Самуел Жбогар и Главната ревизорка на РМ Тања Таневска.

Според Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција д-р Игор Тантуровски, моделите за мониторинг на финансирање на политичките партии и изборните кампањи постојано треба да се промовираат и унапредуваат. Борбата против корупцијата, нагласи, бара постојан ангажман на сите релевантни тела во земјата кои постапуваат согласно нивните законски утврдени надлежности. Тој смета дека за ефикасно справување со корупцијата еднакво е важно унапредувањето на превентивните и на репресивните механизми, алатки и постапувања, како и континуирано јакнење на капацитетите на антикорупциските тела.

press 09.12.2010 019

Најголем дел од проблемот, посочи Тантуровски, се јавува со недоставување на извештаите од страна на политичките партии за финансирањето на изборните камапањи. Според него, се јавува проблем кај помалите политички партии, претежно на самостојните листи учесници на локалните избори, рече, кои и не се доволно запознаени со законските прописи за доставување на извештаите.

– За сите оние учесници во изборните капањи кои не доставиле финансиски извештаи ДКСК покренува постапкуи пред надлежните судови. Добар дел од нив веќе се процесуирани, а дел се завршени со казни, изјави претседателот на ДКСК.

Свои обраќања имаа г-ѓа Весна Никодиноска од Македонски институт за медиуми на тема: Спречување корупција во политичкото и државното рекламирање, и г-ѓа Изабела Тутак од Централното анти-корупциско биро на Полска на тема: Меѓународни искуства во мониторингот врз финансирањето на политичките партии и предизборните кампањи.

На Конференцијата се обратија г-ѓа Тања Јаневска, Помошник на Главниот ревизор и г-дин Максим Ацевски, Помошник на Главниот ревизор, на тема: Претставување на новосоздадените прирачници за вршење ревизија на регуларност и на финансиските извештаи од предизборните кампањи. ,

На настанот присуствуваа претставници од Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државната изборна комисија, Советот за јавни обвинители, државни институции, невладини организации и претставници од политичките партии.

На Конференцијата беа претставени различни аспекти во спречувањето на можни коруптивни дејства во финансирањето на партиите и изборните кампањи и зајакнување на државните механизми за eфективна контрола врз финансирањето на политичките партии и изборните кампањи заради спречување корупција.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo