27. 09. 2007 На 27 септември 2007 година потпишан е Меморандум за соработка кој претставува спогодба меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата на Република Македонија и Комисијата за утврдување на конфликт на интереси на Република Црна Гора, за соработка во примена на Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување на судир на интереси на Република Македонија и Законот за судир на интереси на Република Црна Гора.
Меморандумот беше потпишан во Државната комисија за спречување на корупцијата. Истиот беше потпишан од страна на Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата г-ѓа Мирјана Димовска и Претседателот на Комисијата за утврдување на конфликт на интереси на Република Црна Гора г-дин Слободан Лековиќ
|