Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Соопштенија arrow Соопштение
Соопштение Испечати Е-пошта

 13.10.2016        

 Државната комисија за спречување на корупција по повод завршувањето на двегодишниот твининг проект „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, организираше завршна конференција на која се презентираа резултатите и постигнувањата од заеднички спроведените  активности.

Поздравни говори одржаа Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата д-р Игор Тантуровски, Амбасадарот на ЕУ г-дин Самуел Жбогар, Амбасадорот на Сојузна Република Германија д-р Кристине Алтхаузер,  Амбасадорот на Република Полска г-дин Јачек Мултановски, Заменик Претседателот на германската Сојузна служба за администрација г-дин Волф Швердтфегер и Проектниот лидер Холгер-Михаел Арндт.

 

Државната комисија за спречување на корупцијата и Сојузната служба за администрација од Германија, во јули 2014 година започнаа со реализација на двегодишниот твининг проект за поддршка на институциите надлежни за превенција и борба против корупцијата. Твининг проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА 2010, чија цел е зајакнување на  националните механизми за превенција и репресија на корупцијата, за што беа утврдени над 40 активности структурирани во 8 проектни компоненти.




Вкупно беа реализирани над 200 експертски мисии во чија реализација учествуваа 50 експерти од страна на твининг партнерот од кои 40 од Сојузна Република Германија, 7 од Полска и 3 од Словенија. Институциите од Република Македонија, како земја корисник беа претставени со над 300 претставници кои со својата ескпертиза и учество на состаноци, тренинзи и работни групи овозможија целосна поддршка на странските експерти. 


 


Активностите се однесуваа на подобрување на правната и институционалната антикорупциска рамка, голем број обуки за превенција и репресија на корупцијата, јакнење на свеста за спречување на корупцијата, финансирање на политичките партии и изборните кампањи, подобрување на постапувањето за конфискација и управување со незаконски стекнатиот имот. И се разбира од исклучително значење беа компонентите и соодветните активности за креирање на ИТ решенија за евидентирање и проверка на имотната состојба и интересите, како и за статистичко следење на случаите на корупција и антикорупциските политики. ИТ решенијата во целост се реализирани и со тоа зајакнати капацитетите на надлежните институции,  изјави  Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција д-р Игор Тантуровски.


 


И се ова нема да застане тука, посочи Тантуровски,  ДКСК е веќе дел од нов проект кој ќе опфати дополнително јакнење на ИТ инфраструктурата како со хардвер така и со дополнителни софтверски надградби. Нашите заложби и во иднина ќе бидат на страната на борбата и превенцијата од корупција кои сигурно ќе не донесат многу поблиску до европските интеграции.




 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo