Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна
Соопштение за работна средба Испечати Е-пошта
press 09.12.2010 019

29.11.2016  Во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржа работен состанок на кој присуствуваа Претседателот на ДКСК д-р Игор Тантуровски, членот на ДКСК Горан Миленков и Шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар.

На средбата,  Претседателот на ДКСК д-р Игор Тантуровски ги образложи законските надлежности на Државната комисија за спречување на корупцијата и преземените активности во врска со спроведување на изборниот процес.

press 09.12.2010 019

Исто така, на состанокот беше изнесено дека Државната комисија за спречување на корупцијата за време на изборниот период има постапено по 900 барања на мислења поднесени од страна на државните институции, а на секоја седница на Комисијата се разгледуваат околу 70 барања.

На работниот состанок се разговараше и за соработката на ДКСК со другите институции која е потврдена и со потпишување на Меморандум за соработка меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија и Државната изборна комисија, како и Протокол за соработка за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси со повеќе институции меѓу кои Управата за јавни приходи, Јавно обвинителство на РМ, Државно правобранителство на РМ, Судски совет на РМ, Министерство за внатрешни работи и други.

Претседателот на ДКСК д-р Игор Тантуровски ги изнесе своите забелешки за наводите во Извештајот на Европската комисија за 2016 година за Република Македонија кои се однесуваат на Државната комисија за спречување на корупцијата и при тоа побара средба помеѓу претставници од двете институции на која ќе бидат презентирани и усогласени сите податоци за работењето на Комисијата.

Претседателот на ДКСК д-р Игор Тантуровски и Амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар се согласија за повторна средба по завршување на изборниот процес.

press 09.12.2010 019

 

 

 

 


press 09.12.2010 019

 

 

 

 

press 09.12.2010 019

 

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo

Превземи вести