Skip to content
Вести
  • Да ја расчистиме корупцијата
  • Да ја расчистиме корупцијата
Заклучок во врска со отуѓување на градежно земјиште Испечати Е-пошта

15. 10. 2007    Државната комисија за спречување на корупцијата, по проучување на списите од документацијата доставена од Министерството за транспорт и врски во врска со отуѓувањето по пат на јавно наддавање на градежното земјиште во државна сопственост, а наменето за изградба на хотел во центарот на град Скопје, заклучи:

Постапката за отуѓување по пат на јавно наддавање на градежното земјиште во државна сопственост, во поглед на сите аспекти (објавата; постапка за јавното наддавање; изборот на најповолниот понудувач; изготвениот Договор за отуѓување   на градежното земјиште со јавно наддавање) е во согласност со Законот за градежно земјиште (“Сл.Весник на РМ“ , бр.53/01 и 97/01) и Уредбата за начинот и постапката на отуѓување, давање под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за отуѓување и давање под закуп  на градежно земјиште сопственост на Република Македонија (“Сл.Весник на РМ“, бр.79/01; 103/01; 38/02; 51/03; 95/04)

Наведената постапка воедно не содржи елементи или дејства кои се спротивни на Законот за спречување на корупцијата (“Сл.Весник на РМ“, бр. 28/02, 46/04 и 126/06) или кои би можеле да се идентификуваат како акт на корупција.

Со оглед на тоа, Државната комисија за спречување на корупцијата не најде елементи за нејзино натамошно постапување.  

 
< Претходно   Следно >

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

ТВ Спот

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

ЗЕЛС локална етика

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

BNJVL etika lokale

ДКСК

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
PSM YES
Advertisement
Advertisement

Превземи вести