|
30. 10. 2007 Во врска со написот објавен денеска, 30.10.2007 година во весникот ,,Вечер“ со наслов ,,Нема кривично дело во случајот Пауновски“, Државната комисија за спречување на корупцијата во интерес на објективното информирање на јавноста го соопштува следното Државната комисија има разгледувано претставка од Љубен Пауновски на седница одржана на ден 18.01.2007 година и има оценето дека во тој конкретен случај нема надлежност за нејзино постапување.За својот став Комисијата го има писмено известено Љубен Пауновски.Оттаму, изнесеното во гореспоменатиот напис е груба дезинформација.
|