|
23.11.2007 Државната комисија за спречување на корупцијата и UNDP претставувани од Мирјана Димовска, Претседател на ДКСК и Мариа Луиза Силва Мехијас постојан преставник на УНДП во Македонија потпишаа Меморандум за разбирање за емитување на антикорупциски спот за подигање на свеста за борба против корупцијата. Државната комисија за спречување на корупцијата доби согласност од националните телевизиски станици Канал 5, МТВ, Сител, Алсат М, Телма и согласност од Советот за радиодифузија за бесплатно емитување. Медиумската кампања ќе трае од 26.11 до 09.12.2007 година, кога е Светскиот ден за борба против корупцијата.
|