Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Судир на интереси arrow Измена и дополна на ДУП “Мал ринг“
Измена и дополна на ДУП “Мал ринг“ Испечати Е-пошта

logo-kontakt28.11.2007    Државната комисија за спречување на корупцијата, по разгледување на расположивата документација и извршените проверки на наодите во претставката во врска со усвојувањето на измените и дополнувањата на Деталниот урбанистички план за централното градско подрачје на град Скопје МАЛ РИНГ од страна на Советот на Општина ЦЕНТАР, утврди:

Дека при гласањето за усвојување на наведениот план учествувал и претседателот на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев. Според овој план, на улица Никола Вапцаров број 10 е предвидена градежна парцела 5.3.16, на која е предвидено изградба на објект кој би се состоел од приземје, пет ката и поткровје. Според Имотен лист бр. 2964 за КО Центар 1, сопственици на градежната парцела се Здравев Светислав и Здравев Здравко, чичко и татко на претседателот на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев. 

Државната комисија за спречување на корупцијата, тргнувајки од ваквата фактичка состојба, а во корелација со член 44 став 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ, бр. 05/2002) член 12 став 1 и член 13 став 1 од Законот за спречување судир на интереси (Сл.Весник на РМ, бр. 70/2007) утврди дека во конкретниот случај постои судир на интереси. 

Со оглед на наведеното, Државната комисија бара од Советот на Општина Центар: 

- Советот на Општина Центар да преземе чекори во насока на отстранување на утврдените повреди на одредбите од Законот за локалната самоуправа и Законот за спречување судир на интереси, во смисла на повторно разгледување-преиспитување на Одлуката за усвојување на Планот за изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план за централното градско подрачје на град Скопје МАЛ РИНГ, од аспект на утврдениот судир на интереси и отстранување на истиот. 

- Советот на Општина Центар, согласно член 28 став 1 а во врска со член 25 став 1 од Законот за спречување судир на интереси, на лицето Владимир Здравев да му ја изрече мерката ОПОМЕНА поради повреда на одредбите од Законот за спречување судир на интереси.

 
< Претходно

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo