Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Спречување на корупцијата / Иницијативи arrow Отуѓување на градежно земјиште
Отуѓување на градежно земјиште Испечати Е-пошта

dksk_logo07.12.2007 Државната комисија за спречување на корупцијата, по проучување на списите од документацијата во врска со отуѓувањето по пат на јавно наддавање на градежното земјиште во државна сопственост, а наменето за изградба на трговски центар на ул. “Железничка“ во Скопје, на седницата одржана на 06.12.2007 година заклучи:

Постапката за отуѓување по пат на јавно наддавање на  градежното земјиште во државна сопственост, во сите нејзини фази и во поглед на сите аспекти (објавата,постапката за јавното наддавање, изборот на најповолниот понудувач, изготвениот Договор за отуѓување на  градежното земјиште со јавно наддавање ) е во согласност со Законот за градежно земјиште (Службен весник на РМ бр.53/01) и со Уредбата за начинот и постапката за отуѓување, давање под закуп и за висината на посебните трошоци на постапките за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија (Службен весник на РМ бр. 79/01).Во врска со доставеното известување од Министерството за финансии – Комисија за денационализација со седиште во Општина Центар, кое се однесува на продолжената можност за поднесување на барање за денационализација за катастарските парцели наменети за отуѓување, кое нешто е овозможено со продолжената важност на Законот за денационализација, Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека Министерството за транспорт и врски треба да прибави известување од Министерството за финансии – Комисија за денационализација со седиште во Општина Центар, со најнов датум.

Во расправата и при донесување на одлуката во овој случај, членот на Државната комисија Љубинка Муратовска Маркова го предочи фактот дека адвокатот на фирмата учесник во постапката е нејзин син, поради што таа побара и беше изземена од работата по овој предмет   

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo