12.12.2007 Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по претставка поднесена во врска со оглас за пополнување на работно место на неопределено работно време ,,Наставник во одделенска настава,, во Основното училиште ,,Страшо Пинџур,, - Кавадарци, објавен на ден 05.07.2005 година во дневниот весник ,,Македонија денес,, и по разгледување на целокупната документација со која располага, на седницата одржана на ден 11.12.2007 година, донесе заклучок до Основното јавно обвинителство Кавадарци да покрене иницијатива за поведување на постапка за кривично гонење на директорот на Основното училиште ,,Страшо Пинџур,, Кавадарци, Панчо Кимов, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело ,,Несовесно работење во службата,, од член 353-в од Кривичниот законик на Република Македонија, бидејќи спротивно на законските прописи за судир на интересите донел одлука за вработување на својот син, а воедно со него склучил договор за вработување.
|