17.12.2007 Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по Законот за спречување на корупцијата се грижи за прибирање на анкетните листови за имотната состојба на избраните и наименуваните функционери и нивно објавување на својата WEB страница. Остварување на таа примарна цел Државната комисија го прави соодветно интерна процедура, согласно со која е постапено и кон актуелниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.
Според динамиката што Државната комисија за спречување на корупцијата ја утврди за објавување на имотната евиденција на својата WEB страница од крајот на Јули 2007 година се објавени анкетните листови на Претседателот на Државата, членовите на Собранието и Владата на Република Македонија и на Судскиот совет, судиите на Врховниот и Уставниот суд, Јавните обвинители како и на Градоначалниците. Во тек на објавување се податоците од Анкетните листови на Замениците министри, Државните секретари и на функционерите што раководат со други органи на државната управа по што ќе бидат објавени податоците за судиите на Апелационите и Основните судови.
|