Skip to content
Вести
  • Да ја расчистиме корупцијата
  • Да ја расчистиме корупцијата
Семинар за превенција на криминалот Испечати Е-пошта

21.01.2008_prezentacijata10. 03. 2008  На почетокот на 2008 година во Токио, Јапонија беше одржан Семинар за превенција на криминалот, на тема „Ефикасни правни и практични мерки за борба против корупцијата – кривично правниот аспект„. Семинарот беше организиран и финансиски подржан од страна на Владата на Јапонија преку агенцијата JICA, a реализиран преку UNAFEI – Институт на Обединетеите нации за Азија и Далечниот исток за превенција на криминалот.
Државната комисија за спречување на корупцијата беше претставувана од Владимир Георгиев, раководител на сектор. На Семинарот учествуваа вкупно 21 претставник од Европа, Америка, Азија и Јапонија. На семинарот, претставникот на ДКСК Георгиев во својата презентација, покрај одредбите на UNCAC во делот на криминализацијата на корупцијата, се осврна и на членовите 5 и 6 од UNCAC што се однесуваат на создавањето на независни тела за превенција на корупцијата, развивање и донесување на стратегии за борба против корупцијата, нивна имплементација и мониторирање.

Имајќи го во предвид напредокот што го има постигнато последниве години на легислативен, институционален и практичен план за борба против корупцијата,  Република Македонија од страна на организаторот и учесниците беше оценета како позитивен пример на постигнати резултати на ова поле, но и во имплементацијата на ратификуваните конвенции за борба против корупцијата. Презентираниот текст ќе биде публикуван во Годишниот извештај на UNAFEI за 2008 година.

Во заклучоците од извештајот од учеството на Семинарот се укажува дека тој е искористен за презентирање на меѓународните искуства за работата на телата надлежни за превенција и борба против корупцијата, потоа целокупната легислативна рамка, како и напредокот и резултатите што се постигнуваат на тоа поле во Република Македонија; потребата од натамошна имплементација на одредбите од UNCAC во националното законодавство, имајќи ги при тоа предвид спецификите на истото, како и институционалната поставеност и веќе воспоставените механизми за борба против корупцијата на превентивен и репресивен план. Исто така се препорачува, со оглед на фактот дека Владата на Јапонија преку Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) е докажан партнер на Република Македонија и финансира голем број на проекти и техничка и материјална подршка во Република Македонија, потоа реализира голем број на обуки и семинари од висок ранг, да се разгледа можноста да се продлабочи соработката преку институционализирање на истата со отворање на соодветна канцеларија или повисоко претставништво во Токио. 

По завршувањето на Семинарот, директорот на UNAFEI се обрати со допис до Државната комисија во кој се истакнува позитивниот придонес на нејзиниот претставник и се посочува отвореноста на програмата на UNFEI за Државната комисија за спречување на корупцијата. 

 
< Претходно   Следно >

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

ТВ Спот

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

ЗЕЛС локална етика

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

BNJVL etika lokale

ДКСК

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
PSM YES
Advertisement
Advertisement

Превземи вести