Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта

dksk_logo15.04.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата, врз основа на своите законски надлежности во обезбедувањето законитост на изборниот процес и на текот на изборната кампања во вонредните парламентарни избори распишани на 12 април 2008 година, утврди оперативен план за своето дејствување во целиот изборен период што трае од донесувањето на одлуката за распишување на изборите  до завршување на изборот на пратеници во Собранието на Република Македониа и изборот на Влада на Република Македониа.
Со цел обезбедување доследна примена на законските одредби што се однесуваат на изборите и превентивно дејствување за спречување на корупцијата во овој вонредно значаен политички и демократски чин, Државната комисија укажува на обврските што произлегуваат од Законот за спречувањје на корупцијата, член 11.

Во текот на изборниот период:
- не можат да се користат буџетски средства на Република Македониа, на општините и на Градот Скопје, како и средства од јавни фондови, јавни претпријатија, јавни установи или правни лица што располагаат со државен капитал, освен средствата со кои согласно законот, се финансираат изборните кампањи на партиите.
- не може да започне изградба на со средства од буџетот или од јавните фондови, јавните претпријатиа или други правни лица што располагаат со државен капитал, на нови објекти во инфраструктурата како што се: патишта, водоводи, далноводи, канализација и други објекти, или на објекти за општествени дејности - училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени сретства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година.
- не може да се врши никаква вонредна исплата на плати, пензии, социална помош или други исплати од буџетски средства или средства од јавните фондови, ниту да се отуѓува државен капитал, ниту да се потпишуваат колективни договори.
Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го следи целиот изборен процес и во случаите на основи за сомневање дека се прекршува законот ќе презема мерки за утврдување на таквите сомневања, ќе ги извести надлежните органи и ќе бара преземање активности во рамките на нивното надлежно постапување. Со оглед на фактот дека изборите се веќе распишани, Државната комисија на барање на Министерство за транспорт и врски појасни дека за време на изборната кампања не може да се отуѓува и да се врши продажба на градежно земјиште и затоа сите дејствија во рамките на постапките за продажба треба да запрат.
 
< Претходно

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo