23.05.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата, разгледувајќи го Конечниот извештај за годишна сметка за 2005 и 2006 година на општина Кичево – сметка на Органот и Буџетот и по проучување на целокупниот писмен материјал доставен од страна на Државниот завод за ревизија, а врз основа на член 49 став 1 алинеја 6 од Законот за спречуваење на корупцијата, на седница одржана на ден
09.05.2008 година донесе заклучок за поднесување
Иницијатива за поведување на постапка за кривично гонење
на лицето В.К. – градоначалник на општина Кичево до 19.04.2005 година, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик.
Наведеното лице како градоначалник на општината Кичево до 19.04.2005 година, склучил договори за позајмица и цесија со правниот субјект „Кикотекс“ ДООЕЛ Кичево, што не е во надлежност на општините и е спротивно на одредбите на Законот за локална самоуправа. Со реализацијата на позајмицата во вкупен износ од 1.100 илјади денари од кој износ невратената позајмица изнесува
996 илјади денари, именуваниот прибавил корист за правниот субјект „Кикотекс“ ДООЕЛ Кичево и придонел за незаконско и ненаменско трошење на средствата и го оневозможил реализирањето на функциите на општината Кичево.