Иницијатива против градоначалникот на Општина Чаир |
|
|
23.05.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со своите законски овластувања, утврдени во Законот за спречување на корупцијата ("Службен весник на РМ" бр.28/02, 46/04, 126/06 и 10/08), постапувајќи по предметот, оформен по повод написите во дневните весници и јавните изјави на градоначалникот на Општина Чаир, во врска со реставрацијата-пренамената на куќата на Јашар-Бег во Општина Чаир, Скопје, тргнувајќи од член 2, став 1 и 2 од Законот за спречување на корупцијата, по разгледување на околностите на целиот случај, а имајќи ја предвид одредбата од член 142 став 1 и 3 од Законот за кривичната постапка, на седницата одржана на ден 22.05.2008 година, донесе заклучок, согласно со член 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата до Основното јавно обвинителство Скопје да покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на градоначалникот на Општина Чаир И.М. и на службени лица од локалната самоуправа Општина Чаир, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластување,, од член 353 од Кривичниот законик, затоа што провоименуваниот ги пречекорил границите на своето службено овластување, на начин што без одобрение од Министерството за култура, како и спротивно на Законот за заштита на културното наследство започнал со реставрација-пренамена на куќата на Јашар-Бег во Општина Чаир, за која е донесен акт за заштита, а пак второименуваните не ја извршиле својата службена должност овозможувајќи, спротивно на законските прописи, реставрација-пренамена на заштитениот објект-куќа на Јашар-Бег во Општина Чаир, Скопје.
|