Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна
Соопштение за работна средба
press 09.12.2010 019

29.11.2016  Во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржа работен состанок на кој присуствуваа Претседателот на ДКСК д-р Игор Тантуровски, членот на ДКСК Горан Миленков и Шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар.

На средбата,  Претседателот на ДКСК д-р Игор Тантуровски ги образложи законските надлежности на Државната комисија за спречување на корупцијата и преземените активности во врска со спроведување на изборниот процес.

Прочитај повеќе...
 
Соопштение за јавна седница


logo-kontakt_50

29.11.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи согласно член 74 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 43/13, 14/14, 30/14, 196/15) на ден 01.12.2016 година (четврток) со почеток во 11:00 часот во просториите на ДКСК, ќе одржи јавна седница за две точки од Дневниот ред:

1.        Разгледување на поднесен приговор во врска со член 8-а од Изборниот законик од Министерство за внатрешни работи, Дополнителен заменик на министер за внатрешни работи д-р Оливер Андонов на ден 28.11.2016 година;

2.        Разгледување на поднесен приговор во врска со член 8-а од Изборниот законик поднесен од Коалиција за Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија 2016 година предводена од ВМРО-ДПМНЕ овластен претставник Илија Илиоски. 

Седницата на ДКСК,  по точките 3 и 4 е без присуство на јавноста.

 
Јавна опомена
logo-kontakt_50

16.11.2016 Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Шпенд Халили поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси:

Шпенд Халили - повреда на член 9 од Законот за спречување на судирот на интереси – истовремено со функцијата член на Управен одбор на ЈП Градски Паркинг Тетово ја извршува и функцијата управител на Трговското друштво–ДПГТ „ЈОНИ АЛШ“ ДООЕЛ експорт - импорт, с. Шипковица – Тетово.

 

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на функцијата управител на Трговското друштво – ДПГТ „ЈОНИ АЛШ“ ДООЕЛ експорт - импорт, с. Шипковица – Тетово

Прочитај повеќе...
 
Јавна опомена
logo-kontakt_50

21.10.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Анѓелчо Узунов поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси:

Анѓелчо Узунов - повреда на член 9 од Законот за спречување на судирот на интереси – истовремено со функцијата член на Управен одбор на ЈП Комунална Чистота – Богданци ја извршува и функцијата управител на Трговското друштво–ДТУ „АРНИ ВЕТ“ ДООЕЛ, с. Стојаково – Богданци.

 

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на функцијатауправител на Трговското друштво – ДТУ „АРНИ ВЕТ“ ДООЕЛ, с. Стојаково – Богданци. 

Прочитај повеќе...
 
Соопштение

 13.10.2016        

 Државната комисија за спречување на корупција по повод завршувањето на двегодишниот твининг проект „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, организираше завршна конференција на која се презентираа резултатите и постигнувањата од заеднички спроведените  активности.

Поздравни говори одржаа Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата д-р Игор Тантуровски, Амбасадарот на ЕУ г-дин Самуел Жбогар, Амбасадорот на Сојузна Република Германија д-р Кристине Алтхаузер,  Амбасадорот на Република Полска г-дин Јачек Мултановски, Заменик Претседателот на германската Сојузна служба за администрација г-дин Волф Швердтфегер и Проектниот лидер Холгер-Михаел Арндт.

 

Државната комисија за спречување на корупцијата и Сојузната служба за администрација од Германија, во јули 2014 година започнаа со реализација на двегодишниот твининг проект за поддршка на институциите надлежни за превенција и борба против корупцијата. Твининг проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА 2010, чија цел е зајакнување на  националните механизми за превенција и репресија на корупцијата, за што беа утврдени над 40 активности структурирани во 8 проектни компоненти.


Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 16 - 20 од 178

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo

Превземи вести