Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна
Превенција на корупцијата
dsc_0511 07. 06. 2013    Државната комисија за спречување на корупцијата, по покана на RACVIAC и на Директоратот за антикорупциска иницијатива на Црна Гора, учествуваше на меѓународната конференција на тема „Превенција на корупцијата: имплементација на планови на интегритет“. Конференцијата се одржа на 5-6 јуни 2013 година во Подгорица. На конференцијата учествуваа и претставници од антикорупциските тела на Црна Гора, Литванија, Хрватска, Словенија, Србија, Турција, Босна и Херцеговина и Албанија. Темите на кои што се дискутираше беа:
  • развивање и имплементација на антикорупциски политики и стратегии
  • интегритет на јавниот сектор и улогата на плановите на интегритет, односно на проценката на ризиците во работењето на институциите-искуства и предизвици
  • правната рамка и практиката на лобирањето
Во рамките на конференцијата излагање имаше претседателот на ДКСК д-р Ѓорги Сламков, при што говореше за активностите на ДКСК во развивањето на концептот на интегритет во Република Македонија. Исто така беа остварени повеќе билатерални средби со претставниците на антикорупциските тела при што беа разменити практичните искуства на надлежното постапување и се разговараше за конкретни форми на соработка во наредниот период.
 
Соопштение
logo-kontakt_50

04.06.2013 Во врска со мерката Јавна опомена поради судир на интереси изречена на пратеничката Ана Павловска Данева, Државната комисија за спречување на корупцијата во интерес на објективното информирање на јавноста и согласно со своето транспарентно работење го издава следново

СООПШТЕНИЕ


Минатата 2012 година ДКСК во рамките на својата системска проверка на изјавите за интереси на избраните и наименувани функционери во законодавната власт, на осми јуни отвори предмет за судир на интереси на пратеничката во Собранието на Република Македонија избрана во 2011 година Ана Павловска Данева. Таа истовремено со оваа функција обавува наставна дејност на Правниот факултет во Скопје и е управител на трговското друштво книгоиздателство МИ-АН. Судирот на интереси е констатиран поради тоа што во законот за пратеници е утврдено дека функцијата пратеник се обавува професионално и е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии кои се неспојливи со функцијата пратеник и не може да обавува каква и да е друга дејност што носи профит.
Прочитај повеќе...
 
Соопштение
logo-kontakt_50

03.06.2013 Во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржа средба на претседателот на ДКСК, д-р Ѓорги Сламков со г-дин Маркус Ролофс, раководител на Одделот за човекова димензија на Мисијата на ОБСЕ. На состанокот беше разговарано за состојбите со корупцијата и за начините за справување со ова општествено зло. Г-нот Ролофс се интересираше за улогата, надлежностите и постапувањето на ДКСК. При тоа го истакна значењето на ДКСК како институција што ги спроведува законите но и што ја јакне јавната свест за корупцијата и нејзините последици. Д-р Сламков ја објасни позицијата на ДКСК и потребата од координираност и зајакната соработка меѓу надлежните тела за борба против корупцијата, како и потребата на засилени активности за превенција преку различни форми вклучувајќи и кампањи, обуки и сл. Беше разговарано и за тековниот проект на ДКСК и ОБСЕ „Промовирање на принципите на доброто владеење во спроведувањето на антикорупциската политика“, за фазите на неговата имплементација и идните активности. При тоа беше констатирано дека оваа проектна соработка се докажува како успешна и дека во иднина ќе продолжи со несмален интензитет и можност за изнаоѓање на нови проектни компоненти. Во рамките на проектот, веќе е закажана тркалезна маса за Политичкиот сектор од Акциониот план на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2011-2015, со претставници на институциите и организациите вклучени во изготвувањето и следењето на активностите од овој сектор, како и други експерти од оваа област.


 
Учество на обуки
во организација на УЈП - Даночна академија
dksk-ujp30.05.2013 Државната комисија за спречување на корупцијата, во својство на предавач, во текот на мај 2013 година учествуваше на дел од обуките предвидени за 2013 година, за едукација и јакнење на свеста на кадрите на УЈП за препознавање, превенција и репресија на корупцијата и спречување на појавата на судирот на интереси, како и презентирање на системот на интегритет, а во организација на Управата за јавни приходи – Даночна академија. Целна група на обуките беа вработените кои имаат директен контакт со даночните обврзници и тоа: даночните инспектори и даночните контролори, шалтерските даночни службеници и нивните раководители.
Прочитај повеќе...
 
Тркалезна маса

„ Активности за интезивирање на имплементацијата на мерките за спречување на корупција и судир на интереси во Приватниот сектор

konferencijathumb29.05.2013 година – во х.Александар Палас- Скопје, со почеток во 10 часот во организација на Државната  комисија за спречување на корупцијата и ОБСЕ мисијата во Скопје во рамките на проектот „Промовирање на  принципите на добро владеење во спроведувањето на антикорупциската политика“ се одржа тркалезна маса на  тема “ Активности за интезивирање на имплементацијата на мерките за спречување на корупција и судир на  интереси во Приватниот сектор ”.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 31 32 33 34 35 36 Следна > Крај >>

Резултати 156 - 160 од 178

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo

Превземи вести