Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна
Обука за наставниците во рамките на проектот
konferencijathumb 24.10.2012 година Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со Центарот за граѓански комуникации, Бирото за развој на образование и Министерството за образование и наука, го спроведува проектот „Антикорупциска едукација на учениците од основните училишта“. Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Норвешка во Република Македонија. Во насока на преземање конкретни чекори за реализација на активноста посветена на антикорупциска едукација на наставниците по предметот граѓанско образование, а со цел ефикасно спроведување на „Програмата за антикорупциска едукација на учениците од основните училишта“, Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со надворешните соработници – експерти ангажирани за реализација на проектот, на 20.10.2012 година реализираше обука за наставниците кои изведуваат настава по предметот граѓанско образование во четирите основни училиштата опфатени со проектот-„Димитар Миладинов“ и „Јан Амос Коменски“ од Скопје, „Гоце Делчев “од Гостивар и „Ванчо Прке“ од Штип. Обуката беше со цел да им помогне на наставниците за поуспешна реализација на наставата и предавањата со антикорупциски содржини утврдени во едукативниот дел на Програмата за антикорупциска едукација на учениците од основните училишта, а воедно да им овозможи да се запознаат како практично ќе се спроведуваат часовите преку активностите и методите утврдени во Прирачникот за спроведување на Програмата, за наставниците кои изведуваат настава по граѓанска култура.

Програма и прирачник за антикорупциска едукација


 
Обука на номинираните лица
за работа со WEB апликацијата за електронско доставување на податоците за Акциониот план на Државните програми 2011-2015
 
obukathumb 24.10.2012 година Државната комисија за спречување на корупцијата во периодот од 16-19 октомври 2012 година реализираше четири еднодневни обуки за номинираните лица од институциите кои се надлежни за доставување на податоци за статусот на реализација на активностите од Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси со Акционен план 2011-2015. Обуките имаа за цел номинираните лица да се запознаат со практична примена и користење на WEB апликацијата за електронско (online) пополнување и доставување на податоците за Државните програми, која ДКСК ја изработи со финансиска поддршка на УНДП и во соработка со ИТ компанијата НЕОКОМ од Скопје. Преку WEB апликацијата која претставува новина во процесот на следење на реализацијата на активностите од Државните програми, ДКСК ќе го унапреди, подобри и забрза процесот на прибирање, обработка и анализа на податоците за статусот на реализација на активностите.
 
Известување

logo-kontakt_50Во рамките на проектот „Поддршка за зајакнување на националниот и локалните системи на интегритет" кој што го спроведува УНДП во соработка со Државната комисија за спречување на корупцијата, Општините Аеродром и Кочани назначија лица за пријавување на корупцијата во општината.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 31 32 33 34 35 36 Следна > Крај >>

Резултати 176 - 178 од 178

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo

Превземи вести