Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна
Јавна опомена

 

 

13.10.2016  

 

               Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Пецо Талевски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси:

Пецо Талевски - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со член на Советот на Општина Новаци ја извршуваше и  функцијата управител на Приватната здраствена установа – Ординација по општа медицина „Д-р.Перо Талевски“ , село Дедрбалци, Могила П.О.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува.



Прочитај повеќе...
 
Соопштение
press 09.12.2010 019

07.10.2016

Државната комисија за спречување на корупција, во соработка со Германската сојузна служба за администрација, во рамките на ИПА Твининг проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“ организираше конференција на тема: „Напредни методи за мониторинг на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи“

Поздравни говори имаа Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата д-р Игор Тантуровски, Министерот за правда Валдет Џафери, Амбасадарот на ЕУ Самуел Жбогар и Главната ревизорка на РМ Тања Таневска.

Според Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција д-р Игор Тантуровски, моделите за мониторинг на финансирање на политичките партии и изборните кампањи постојано треба да се промовираат и унапредуваат. Борбата против корупцијата, нагласи, бара постојан ангажман на сите релевантни тела во земјата кои постапуваат согласно нивните законски утврдени надлежности. Тој смета дека за ефикасно справување со корупцијата еднакво е важно унапредувањето на превентивните и на репресивните механизми, алатки и постапувања, како и континуирано јакнење на капацитетите на антикорупциските тела.

Прочитај повеќе...
 
Соопштение
press 09.12.2010 019

29.09.2016

Во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржа работен состанок на кој присуствуваа Одделението за антикорупциска проверка на легислативата, претставник на Министерството за правда и експертот за антикорупција Раду Котичи од Регионалниот совет за соработка.

На состанокот, беше разговарано за соработката не меѓународно ниво за процедурата за Антикорупциска проверка на легислативата и се разменија мислења за постапките.

Беше акцентирана и реализацијата на втората фаза од спроведувањето на Процедурата за Антикорупциска проверка на легислативата во Република Македонија, пристапот и начинот на одвивање на активностите на Одделението за Антикорупциска проверка на легислативата, досегашните достигнувања и имплементација на интерните процедури.

Прочитај повеќе...
 
Јавна опомена
logo-kontakt_50

05.09.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Незаретин Шерифовски и Медија Јахја поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси:

1) Незаретин Шерифовски – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функциите член на Советот на општина Ресен, управител на Приватна здравствена ординација-аптека„ХРИЗАНТЕМА“ П.О. Ресен и управител на трговско друштво-Друштво за производство, трговија на голема и мало, транспорт, услуги и угостителство „ЕПЛ ТРЕЈД КОМПАНИ-БАМБИ“ ДООЕЛ увоз-извоз Ресен.

2) Медија Јахја – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функциите член на Советот на општина Маврово и Ростуше и управител на Друштво за трговија угостителство и занаетчиство„ЛОКУВ ИМПОРТ 94“ Медија ДООЕЛ с.Требиште-Ростуше.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува.

Прочитај повеќе...
 
Јавна Опомена
logo-kontakt_50

15.07.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси, констатира состојба на судир на интереси кај лицето Лавдурим Вејселовски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси, односно, именуваното лице, покрај функцијата член на Советот на Општина Центар Жупа ја извршуваше и функцијата управител на трговското друштво – Градежно, производно и услужно друштво „ВЕЈС-КОМ“ ДООЕЛ експорт-импорт Центар Жупа.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува.

Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 21 - 25 од 178

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo

Превземи вести