Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна
Демант
logo-kontakt_50

demant demant

 

05.04.2016

 

 

Почитувани,

Во насока на објективно информирање на јавноста, а во врска со вест објавена на Дневникот на телевизија ТЕЛМА, под наслов “Од страницата на Антикорупциска го снема анкетниот лист на Груевски“ ги демантираме тврдењата изнесени во конкретниот текст.

Тврдењата изнесени во наведениот медиум се неточни и станува збор за елементарно непознавање на работата и постапувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Имено, Државната комисија за спречување на корупцијата како што и претходно информираше, повторно потенцира дека со внесување на податоците од доставен анкетен лист за престанок на функцијата во електронската база, системот АВТОМАТСКИ ги отстранува податоците објавени на веб страницата на ДКСК.

Согласно член 33 став 1 од Законот за спречување на корупцијата: “избран или именуван функционер, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал, при изборот или именувањето, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот или именувањето пополнува анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост или сопственост на членовите на неговото семејство, со наведување на основот на стекнување на пријавениот имот и депонира заверена изјава од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки”.

  Согласно став 2 од истиот член Лицата од ставот 1 имаат обврска да пополнат анкетен лист во рок од 30 дена по престанувањето на функцијата.

Согласно на горенаведеното, лицето Никола Груевски, поранешен Претседател на Владата на Република Македонија има уредно доставено анкетен лист за престанок на функцијата во законски утврдениот рок.

 

Прочитај повеќе...
 
Демант
logo-kontakt_50

04.04.2016

 

Почитувани,

Во насока на објективно информирање на јавноста, а во врска со вест објавена од електронскиот медиум сакамдакажам.мк и пренесена од libertas.mk и reporter.mk , со насолов: “По специјалниот обвинител доаѓаат и специјални антикорупционери“, на ден 3 април 2016 година, ги демантираме тврдењата изнесени во конкретниот текст, дека Државната комисија за спречување на корупцијата наскоро ќе добие уште пет специјални антикорупционери кои ќе работат паралелно со веќе постоечките седум членови на Комисијата.

Тврдењата изнесени во наведените електронски медиуми се неточни и станува збор за елементарно непознавање на законските прописи. Се работи за редовен оглас за вработување согласно систематизацијата за работни места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Антикорупциската проверка на легислативата, како исклучително важен превентивен антикорупциски механизам што се применува во голем број земји, е една од мерките од приоритет 1 – Владеење на правото и правосудството – Антикорупциски политики и законодавство, утврдени во Планот на активности на Владата на Република Македонија во согласност со Листата на итни реформски приоритети за Република Македонија доставен од страна на Европската комисија.

Прочитај повеќе...
 
Јавна опомена
logo-kontakt_50

04.04.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Љубомир Јосифовски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси.

Имено, избраното лице, покрај функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за обработка на податоци, хостирање и слични дејности „ИНФОГРУП“ ДОО Скопје.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува.

Прочитај повеќе...
 
Изјава

Изјава на потпаролот на Државната комисија за спречување на корупцијата за Дневникот на МРТ 1 - 11.03.2016 год.

 
Годишен извештај за 2015

acroread
Годишен извештај за работата на ДКСК - за 2015 година (422 КB)

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 46 - 50 од 178

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo

Превземи вести