Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна
Оглас за вработување
logo-kontakt_50

07.03.2016

Државната комисија за спречување на корупцијата објавува Оглас за вработување на 5 (пет) лица

Државната комисија за спречување на корупцијата врз основа на член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 и 129/15), a во врска со член 22 став (1) алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија" бр. 27/14 и 199/14) и Правилник за внатрешна организација на Државната комисија за спречување на корупцијата, број 02-2741/9 од 31.12.2015 година, Правилник за систематизација на работните места во Државната комисија за спречување на корупцијата, број 02-2741/8 од 31.12.2015 година и Правилник за измена на Правилникот за систематизација на работните места во Државната комисија за спречување на корупцијата бр.02-696/3 од 18.02.2016 година, објавува

ОГЛАС БРОЈ 2/2016 ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 5 (ПЕТ) ИЗВРШИТЕЛИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ТРАЕЊЕ ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2016 ГОДИНА ВО ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА

Државната комисија за спречување на корупцијата објавува оглас за вработување 5 (пет) лица преку засновање на работен однос на определено време во траење до 31 декември 2016 година за следниве работни места:

Прочитај повеќе...
 
Јавна опомена
logo-kontakt_50

03.03.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Неџат Исмаили, Шукрија Туфекџиоски и Ристо Јошев поради повреда на член 9 и член 20 став 1 и став 2 од Законот за спречување на судир на интерси и поради кумулација на функции – извршување на две функции истовремено и тоа:

 

  • 1)Неџат Исмаили – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Маврово и Ростуше на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија угостителство, транспорт, градништво и услуги „БАБЕ КОМЕРЦ Н.И.“ ДООЕЛ, експорт-импорт с.Жировница, Маврово и Ростуше.
  • 2)Шукрија Туфекџиоски - член на Совет на Општина Кичево – повреда на член 9 во врска со член 3 став 1 алинеја 5 од Законот за спречување на судир на интереси, бидејќи за управител на трговско друштво-Друштво за трговија, производство и услуги Шукрија Туфекџиоски „ШУКО ГРОС“ ДООЕЛ увоз-извоз Кичево, како нов управител ја назначил Ајтен Туфекџиоски, по што според Законот за спречување на судир на интереси и гореспомнатиот член од истиот закон таа е блиско лице.
  • 3)Ристо Јошев - член на Совет на Општина Росоман – повреда на член 9 во врска со член 3 став 1 алинеја 5 од Законот за спречување на судир на интереси, бидејќи за управител на трговско друштво-Друштво за трговија и услуги „РИА“ ДООЕЛ увоз-извоз Росоман, како нов управител ја назначил Јана Јошева, по што според Законот за спречување на судир на интереси и гореспомнатиот член од истиот закон таа е блиско лице.
Прочитај повеќе...
 
Интервју

konferencijathumb

29.02.2016

Интервју со Горан Миленков - Претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата

КАКО ЗА СИТЕ, ТАКА И ЗА ЗАЕВ И КАТИЦА - СЕ ИСПИТУВА НИВНИОТ ИМОТ

Во интервјуто за Сител, Претседателот на антикорупциската комисија Горан Миленков објаснува кои за законските права и обврски на политичарите во овој турбулентен, предизборен и изборен период кој следува. Миленков објаснува дека основна функција на Државната антикорупциска комисија е да ги проверува анкетните листови на сите избрани и именувани функционери.

- Законска обврска е на комисијата да го испитува имотот на функционерите и дали има судир на интереси. Онаму каде имаме информација, дојава или јавна објава за голема разлика во имотот пред и по назначувањето на функционерот, отвораме постапка и во соработка со финансиското разузнавање, УЈП, обвинителството и судот, ги процесуираме случаите на натамошна процедура, вели Миленков за Сител, одговарајќи на новинарско прашање дали има постапки за политичари.

- Имаме постапки и за локални и државни политичари, вели Миленков, особено за оние за кои постојат информации дека имаат непријавен имот во земјата и странство, со голема вредност. Испитуваме на кој начин се стекнале со тој имот, вели Миленков.

Прочитај повеќе...
 
Интервју

konferencijathumb

14.02.2016

Интервју со Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Горан Миленков за дневниот весник "Вечер"

АНТИКОРУПЦИСКА УТВРДИ ШТО СМЕАТ ПОЛИТИЧАРИТЕ ПРЕД ИЗБОРИ

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ИЗБОРИТЕ ДА И НАНЕСАТ ШТЕТА НА ДРЖАВАТА И ДА ГО СПРЕЧАТ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ И РАЗВОЈ

ДКСК, врз основа на своите законски надлежности во обезбедување на законитост на изборниот процес и на текот на изборната кампања, утврди оперативен план за своето дејствување во целиот изборен период и со ваквиот режим на работа ДКСК се раководи од начелото на ненанесување штета на било кој субјект и притоа смета дека не треба да се попречи економскиот развој на државата  

Прочитај повеќе...
 
TAIEX работилница во Скопје
konferencijathumb04.02.2016 Државната комисија за спречување на корупцијата организираше TAIEX работилница на најдобрите практики за следење и евалуација на антикорупциските стратегии и акциони планови.

На работилницата свое обраќање имаше членот на ДКСК м-р Жаклина Дамческа на тема Стратешки цели врз основа на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување судирот на интереси 2016-2019.

Експертите од земјите членки на ЕУ разменија искуства за мерки за спречување на корупцијата, најдобри практики за следење на антикорупциските стратегии и програми, соработка меѓу институциите заради стратегии за борба против корупцијата, воспоставување на платформа за координација, комуникација и меѓусебна поддршка и соработка меѓу институциите во насока на остварување на стратегии за борба против корупцијата.

Целта на работилницата е да се обезбеди знаење, искуства и најдобри практики од земјите-членки на ЕУ за да се подобрат механизмите за следење и евалуација за спречување на корупцијата.

Повеќе слики ...

 
<< Почеток < Претходна 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следна > Крај >>

Резултати 51 - 55 од 178

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo

Превземи вести