|
Испитување на имот и имотна состојба |
13.05.2010 По поднесените иницијативи од Државната комисија за спречување на корупцијата за испитување на имот и имотната состојба, Управата за јавни приходи - Генерална дирекција Скопје по спроведена посталка согласно со членот 36 од Законот за спречување на корупцијата донесе решение со кое градоначалникот на општина Вранештица, Ванчо Србакоски се задолжува со персонален данок на доход по основа на непријавени неоданочени приходи во износ од 216.497,00 денари. Во решението на Управата за јавни приходи стои дека во постапката за испитување на имот и имотна состојба лицето не докажа дека имотот е стекнат или зголемен како резултат на примања што се пријавени и оданочени, односно не се докажа нивното потекло заради што се смета дека е нелегално стекнат имот и истиот подлежи на оданочување со стапка од 70%. По ова решение има право на жалба, а данокот е должен да го уплати во рок од 15 дена од неговата правосилност.
Во осум случаи Управата за јавни приходи - Генерална дирекција Скопје по спроведената постапка донесе Заклучок за запирање на постапката, бидејќи е утврдено дека лицата:
- Ќенан Хасипи, пратеник во Собрание на РМ;
- Јасмина Јованов Трајковска, поранешен судија на Апелационен суд Скопје;
- Зорица Шапуриќ Хорват, поранешен судија на Апелационен суд Скопје;
- Шоип Фидани, поранешен претседател на Апелационен суд Гостивар;
- Фидаил Салифовски, поранешен градоначалник на општина Пласница;
- Владимир Наумовски, поранешен директор на Управата за спречување на перење пари;
- Лидија Кушевска, поранешен судија на Основен суд Скопје II; и
- Ристо Златев, царински службеник во Царинарница Гевгелија
се немаат стекнато и не поседуваат имотот кој е поголем од оданочените приходи, односно имотот кој го поседуваат потекнува од приходи кои биле предмет на оданочување и претставува легално стекнат имот.
На поранешниот градоначалник на општина Лозово, Јордан Павлов му е уважена жалбата и е намалена сумата од 206.422,00 на 185.423,00 денари со која се задолжува со персонален данок на доход по основа на непријавени неоданочени приходи.
|
|
|
Вработување на синот на Чедомир Краљевски, Претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата
10.05.2010 Државната комисија за спречување на корупцијата во рамките на своите со закон утврдени надлежности постапуваше по предмет за евентуален судир на интереси на Претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Чедомир Краљевски поради вработувањето на неговиот син Драган Краљевски во Македонски телеком АД Скопје.
- Врз основа на прибавените информации и документацијата, Државната комисија за спречување на корупцијата утврди дека во конкретниот случај не постои судир на интереси.
- Државната комисија за спречување на корупцијата исто така констатира дека Чедомир Краљевски во конкретниот случај не ја почитувал одредбата од член 29 став 2 од Законот за спречување на корупцијата во која е утврдено дека “ Избран или именуван функционер, службено лице или одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал е должно да ја извести Државната комисија за секој избор, именување, вработување или унапредување на член на неговото семејство во државен орган, орган на локалната самоуправа, јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал, во рок од десет дена по извршениот избор, именување, унапредување или вработување”, поради што Државната комисија заклучи против именуваниот да поведе прекршочна постапка согласно со член 63 од истиот закон.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
05.05.2010 година Државната комисија за спречување на корупцијата учествуваше на меѓународната конференција на тема: “Меѓународната соработка во спречувањето на судирот на интереси и анкетните листови за имотната состојба - средство за борба со корупцијата “ што се одржа во Тирана, Република Албанија на 3 и 4 мај 2010 година. Конференцијата ја организираа Високиот инспекторат за пријавување и контрола на имотот на Република Албанија и Регионалната Анти-корупциска инцијатива (РАИ).На конференција учествуваа претставници од надлежните институции за спречување на судирот на интереси и следење на имотната состојба од земјите членки на РАИ (Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија, Македонија, Романија, Бугарија и Молдавија), и претставници од земјите набљудувачи (Шпанија, Словенија и Косово), и истите ги презентираа сопствените алатки за превенција на судирот на интереси и следењето на имотната состојба на службените лица.Со цел на подобрување на меѓусебната соработка и размена на искуство оценето беше дека е потребно формирање на Експерска мрежа за интегритет, во која би партиципирале земјите членки на РАИ за Југо-источна Европа како и други заинтересирани европски земји.
Претседателство на Мрежата на експерти ќе биде ротирачко помеѓу земјите членки на мрежата со мандат од една година. Прв претседавач ќе биде Република Албанија како земја домаќин на конференцијата, а втор претседавач во периодот 2011-2012 година ќе биде Државната комисија за спречување на корупцијата на Република Македонија.
|
|
20.04.2010 Државната комисија за спречување на корупцијата одржа Прес конференција на која ги информираше медиумите за своите тековни активности, и тоа:
- За евентуална состојба на судир на интереси на вицепремиерот Васко
Наумовски по неговото вработување на Правниот факултет “Јустинијан Први”
во Скопје;
- По укажувања за несовесно и незаконито вршење на службената должност од
страна на службени лица вработени во администрацијата на Градот Скопје - Секторот за сообраќај;
- За обврската на службените лица за поднесување на Изјава за интереси.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
07. 04. 2010 На барање на Амбасадорот Ерван Фуере, на 06 април 2010 во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржа средба со г. Илми Селами, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Како што објасни на почетокот на разговорот г. Фуере, целта на средбата е запознавање со новоизбраниот претседател на ДКСК, додека при крајот на месец април 2010 ќе биде одржан работен состанок во проширен состав со сите членови на ДКСК и со претставници од Брисел. Амбасадорот се интересираше за следните чекори на ДКСК, имајќи ги во предвид наодите на Европската комисија во Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2009 година, особено за начинот на кој ДКСК ќе постапува за зголемување на нејзината видливост и намалуваање на заостатокот со предмети. Г. Селами искажа подготвеност на Државната комисија за соработка со Делегацијата на Европската Комисија, и дека во наредниот период покрај извршувањето на своите надлежности во делот на превенцијата и работењето по предмети, особено внимание ќе посвети на препораките содржани во извештајот. Амбасадорот Фуере оцени дека работата на ДКСК е исклучително важна и одговорна и искажа отворена поддршка на нејзината работата.
|
|
|