Skip to content
Вести
  • Да ја расчистиме корупцијата
  • Да ја расчистиме корупцијата
Покана
logo-kontakt_5005.02.2010 Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со инструментот TAIEX на Европската комисија на 08-09 февруари 2010 година во Скопје, организира Меѓународна работилница на тема “Судир на интереси и имотна состојба”.На Работилницата ќе учествуваат меѓународни експерти и претставници од институции надлежни за постапување по судир на интерси и анкетни листови за имотната состојба од следните земји: Македонија, Франција, Романија, Летонија, Словенија, Хрватска, Турција, Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.
Свое обраќање до учесниците на работилницата ќе имаат  Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Велјановски  и претставници на делегацијата на Европската комисија во РМ и Секретаријатот за европски прашања.
Дводневната работилница освен за дневно информирање ќе овозможи подготовка на тематски наслови за Вашиот медиум.
Регионалната работилница ќе се одржи во хотел “АРКА” во Скопје на 08 и 09 февруари 2010 година, со почеток во 09.00 часот.
 
Соопштение
dksk_logo03.02.2010 Врз основа на член 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата (,,Сл.Весник на Р.Македонија,, бр. 28/02, 46/04, 126/06, 10/08 и 161/08), постапувајки по предмет оформен врз основа на доставено известување засновано на Конечните извештаи, на Државниот завод за ревизија, за извршена ревизија на финансиските извештаи на Буџетот на општина Гостивар за 2004 година и за извршена ревизија на финансиските извештаи на органот на Општина Гостивар за 2004 година, Државната комисија за спречување на корупцијата до Јавниот обвинител на Република Македонија и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  достави Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на  одговорното лице - градоначалник Џемаил Реџепи и  други  одговорни службени лица на општина Гостивар бидејки постои основано сомневање дека во текот на 2004 година се сторени кривични дела  Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 и Несовесно работење во службата од член 353-в од Кривичниот Законик на Република Македонија.
Имајки ги предвид состојбите утврдени со извршените ревизии на финансиските извештаи од страна на Државниот завод за ревизија, во целината на случајот, Државната комисија цени дека одговорните лица на општина Гостивар постапиле спротивно на членот 3 став 1 од Законот за спречување на корупцијата, според кој секој е должен во вршењето на функцијата, јавното овластување, службената должност и положба да постапува совесно, стручно, одговорно, ефикасно и непристрасно и дека го повредиле начелото на законитост од ченот 2 став 1 и 2  од Законот за спречување на корупцијата што е основа и наведува на сериозно сомневање за коруптивно располагање со средствата на општината и за тоа дека големи суми средства на општината се потрошени на разни незаконити начини и употребени за лични интереси.
 
Соопштение
logo-kontakt_5029.01.2010  Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмет оформен по претставка, во која се укажува на повреда на одредбите од Законот за градење при заверка на Основен проект на затекната состојба на градба лоцирана во Неготино, по разгледување на документацијата со која располага, како и на околностите на целиот случај, донесе заклучок, согласно со член 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата, до Јавното обвинителство на Република Македонија и до Основното јавно обвинителство Кавадарци да покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на поранешниот градоначалник на општина Неготино и на службени лица од секторот за урбанизам на истата општина, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик.
Поранешниот градоначалник на општината и службените лица од секторот за урбанизам на истата општина ја искористиле својата службена положба и овластување на начин што спротивно на член 65 од Законот за градење ( „Службен весник на Република Македонија“ бр.51/05 ), во текот на декември  2006 година, повикувајќи се на природна непогода-поплава случена во 1995 година, извршиле заверка на Основен проект за обновување на деловен објект. Со тоа им овозможиле на инвеститорите противправно, без спроведување на управна постапка и без издавање на одобрение за градба, да извршат реконструкција и надградба на деловен објект, лоциран во Неготино на КП.бр.7414 за КО Неготино, која заедно со КП.бр.7418 за КО Неготино, според ДУП за локалитетот „Градски пазар“-Неготино, претставува една градежна парцела, со што на сопственикот на КП.бр.7418 му е нанесена штета.
 
Соопштение
dksk_logo12.01.2010 Државната комисија за спречување на корупцијата на 12.01.2010 година, постапувајќи по сопствено наоѓање заклучи да поднесе барање до Управата за јавни приходи за поведување постапка за испитување на имот и имотна состојба на претседателот и членовите на управниот одбор на Националната агенција за образовни програми и мобилност, согласно со членот 36 од Законот за спречување на корупцијата.
Истовремено ДКСК отвори предмет со цел да ја утврди фактичката состојба во Националната агенција.

 
Обука за Изјава за интереси

logo-kontakt_5024.12.2009 Државната комисија за спречување на корупцијата ја одржа првата од серијата обуки за практична примена на институтот Изјава за интереси, наменета за службените лица задолжени за прибирање и евидентирање на изјавите на вработените во државните органи. Согласно со Законот за измена и дополнување на Законот за спречување судир на интереси по прв пат се воспостави обрска за службените лица во Република Македонија за пополнување и доставување Изјава за интереси.
Во Службен весник на РМ бр.146 од 07. 12. 2009 година е објавен Правилникот за формата и содржината на образецот на Изјавата за интереси со што службените лица во Република Македонија се во обврска да пополнат и поднесат Изјава за интереси.
Со цел реализирање на оваа обврска, ДКСК во соработка со Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија на 24. 12. 2009 година одржа обука за одговорните лица од министерствата и органите во нивен состав, како и од институциите потписници на Протоколот за соработка за спречување на корупцијата и судирот на интереси. На обуката присуствуваа повеќе од 80 претставници. 

Погледни презентација

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 28 - 36 од 134

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

ТВ Спот

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

ЗЕЛС локална етика

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

BNJVL etika lokale

ДКСК

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
PSM YES
Advertisement
Advertisement

Превземи вести