03.12.2009 Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со измените и дополнувањата на Законот за спречување судир на интереси, на својата седница одржана на 01.12.2009 година го усвои Правилникот за формата и содржината на образецот на изјавата за интереси, чиј составен дел е образецот на изјавата.Правилникот ќе се објави во Службен весник на РМ по што ќе стапи во сила.Државната комисија информирањето на службените лица за доставувањето на Изјавата за интереси го планира и ќе го реализира согласно со досегашната усвоена практика, веднаш по нејзиното стапување во сила.
|
|
|
26.11.2009 Пратеникот Менде Диневски, на 77-та седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 05 ноември 2009 гоодина, постави пратеничко прашање, кое гласи:
“Почитувана претседателке, со вашето делување како продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ, целосно го загрозивте кредибилитетот на Антикорупциската комисија, која требаше да се справува со криминалот во Република Македонија. Не само што промовирате селективен пристап и двоен аршин во вашата работа, вие и понатаму зборувате и одлучувате за судир на интереси за сите останати, а притоа не сакате да го погледнете вашиот случај. Да потсетам, во исто време вие сте претседател на антикорупциска комисија, председател на невладина организација, медијатор, директор на првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија. Можеме да ве видиме во својство на новинар како правите интервју со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а само по две минути потоа да се појавите на истиот сервис како прв антикорупционер.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
20.11.2009 Државната комисија за спречување на корупцијата реализирајќи ги своите активности предвидени во Акциониот план од Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси и Стратегијата за односи со јавноста, во соработка со УСАИД програмата Светско учење на 16 ноември 2009 година во Апелациониот суд во Битола и на 18 ноември 2009 година во Апелациониот суд Гостивар организираше еднодневни обуки на тема “СУДИР НА ИНТЕРЕСИ-ПРЕПОЗНАВАЊЕ И НАДМИНУВАЊЕ”.
Обуките беа наменети за судии и јавни обвинители од Апелационите подрачја Битола и Гостивар и на истите присуствува претставници од сите целни групи - судии, јавни обвинители и стручни соработници.
На обуките се говореше за Законот за спречување судир на интереси, надлежностите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси и за Водичот за управување со судирот на интереси.
Целта на обуките беше запознавање на учесниците со поимот судир на интереси, како се доаѓа до него, како да се избегнат состојбите на судир на интереси и начините за негово надминување.
Учесниците на обуките особен интерес пројавија за кумулацијата на функции кај службените лица, за непотизмот и за подароците и начинот на нивно пријавување, предвидени во Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси и Водичот за управување со судирот на интереси како области со повисок степен на ризик за појава на судир на интереси. Воедно, истите побараа да им бидат презентирани и одредени примери од практиката по кои постапувала Државната комисија за спречување на корупцијата при извршувањето на надлежностите од оваа област.
|
|
19.11.2009 Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмет што се однесува на неправилности во работењето на РЖ Услуги АД Скопје и по разгледување на потребната документација донесе заклучок да побара контрола на јавните давачки кај горенаведеното правно лице. По барањето на Државната комисија за спречување на корупцијата е постапено од страна на Управата за јавни приходи - Генерална дирекција Скопје, коja изврши надворешна контрола кај РЖ Услуги АД Скопје за периодот од 2003 до 2007 година. При контролата се констатирани состојби на помалку пресметани и неплатени јавни давачки, а даночниот обрзник РЖ Услуги АД Скопје е задолжен со даночен долг од вкупно 791. 824, 00 денари и тоа по основ на помалку уплатен ДДВ за 503,474,00 денари и за глоби за сторени даночни прекршоци за 288.350,00 денари.
|
|
18.11.2009 Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмет што се однесува на злоупотреба на државно земјиште дадено под закуп на АД за производство и промет на земјоделски и сточарски производи „Факултетско земјоделско стопанство“ с.Трубарево, на 11.03.2008 година до Јавното обвинителство на Република Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на инволвирани службени лица од државни институции и директорот на горенаведеното АД. Истовремено, Државната комисија за спречување на корупцијата, заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија, предметот го достави на надлежно постапување и на Државното правобранителство од кое побара истото да се вклучи во случајот со предлог да се раскине предметниот договор за закуп на земјоделско земјиште склучен со АД за производство и промет на земјоделски и сточарски производи „Факултетско земјоделско стопанство“ с.Трубарево на 11.08.2000 година.
По барањето на Државната комисија за спречување на корупцијата е постапено од Државното правобранителство и од Државниот инспекторат за земјоделство. По извршената контрола од страна на Државниот инспекторат за земјоделство констатирани се злоупотреби и непочитување на законските одредби и одредбите на склучениот договор за закуп на земјоделско земјиште. Врз основа на констатираните прекршувања, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ЕДНОСТРАНО ГО РАСКИНАЛ предметниот договор за долгорочен закуп на земјоделско земјиште и за истото на 26.07.2009 година доставил изјава за раскинување на договорот до АД за производство и промет на земјоделски и сточарски производи „Факултетско земјоделско стопанство“ с.Трубарево. Се работи за случај на злоупотреба на државно земјиште од 449 ха, за лични интереси, во период од 10 години наназад. Со раскинувањето на договорот пресретната е злоупотреба за наредните 10 години.
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 37 - 45 од 134 |