04.08.2009 Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со своите законски надлежности, утврдени во Законот за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмет што се однесува на незадоволство од постапката за денационализација за КО Кисела Вода 2 и поднесено барање за покренување постапка за ништовност на Договор за отуѓување на градежно земјиште од 2007 година во Министерството за транспорт и врски, а врз основа на член 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата, на ден 04.08.2009 донесе заклучок до Јавното обвинителство на Република Македонија и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на службени лица од Министерството за транспорт и врски и на лицето Вукица Савеска, Претседател на Комисијата за одлучување по барања за денационализација за подрачјето на Кисела Вода - Скопје, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластување,, од член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Службените лица од Министерството за транспорт и врски и лицето Вукица Савеска, Претседател на Комисијата за одлучување по барања за денационализација за подрачјето на Кисела Вода – Скопје, искористувајќи ја својата службена положба и овластување во текот на 2007 година, спротивно на одредбите од Законот за денационализација, овозможиле и склучиле договор за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба, иако навремено биле запознати и известени дека истото е предмет на денационализација.
Со овој чин, службените лица го подредиле извршувањето на дејствијата во постапката за денационализација во интерес на постапката за отуѓување на предметното земјиште, со што овозможиле прибавување на противправна имотна корист.
|
|
26.06.2009 Во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата на 26 јуни 2009 година, во Клубот на пратениците во Скопје се одржа работен состанок на потписниците на Протоколот за соработка за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси на кој стана збор за соработката, практични искуства и утврдување правци за нејзино унапредување.
На состанокот присуствуваа претставници на судовите и претседателот на Комисијата за решавање на прашања од областа на работните односи од втор степен при Владата на РМ, во врска со проблемите во практиката а со цел нивно надминување.
|
|
|
Годишна конференција на Државната комисија за спречување на корупцијата
25.06.2009 Државната комисија за спречување на корупцијата на 25 јуни 2009 година ја одржа Втората годишна конференција за оценка на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата.
На Конференцијата учествуваа претставници од институциите вклучени во процесот на следење на реализацијата на активностите од Државната програма. Претседателот на Државната комисија г-ѓа Мирјана Димовска, по отворањето на Конференцијата презентираше општа слика на реализацијата на активностите од Државната програма и посочи дека оваа година е евидентен напредокот во остварувањето на активностите со процент на реализација 39%, за разлика од првата година кога беа завршени 31% од активностите.
На Конференцијата свое обраќање имаа и Потпретседателот на Собранието на Република Македонија г-ѓа Светлана Јакимовска, г-дин Dwaine Lee, директор на Канцеларијата за демократски развој и образование на УСАИД во Република Македонија како и претставникот на Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, г-дин Patrick Paquet.
По презентација на реализацијата на активностите по столбови, при што посебен акцент беше ставен на делумно реализираните и нереализираните активности, учесниците имаа можност преку отворена дискусија да укажат на причините поради кои одредени активности не се реализирани или делумно се реализирале.
Од Втората годишна конференција за оценка на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата, со партиципација на учесниците на конференцијата, произлегоа следните заклучоци.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
08.06.2009 Во период од 1 до 5 јуни 2009 година, државни службеници, вработени во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата остварија студиска посета на Korupcijas novēršanas un apkarošanas biroja (KNAB) на Латвиа. Студиската посета беше организирана и реализирана со помош на Европската комисија - TAIEX (Technical Assistance Information Exchange Instrument). Целта на оваа студиска посетата е вработените во секретаријатот на ДКСК да се запознаат со работата и надлежностите на KNAB, а особено со методите и практиките кои се користат при контрола на имотната состојба на функционерите, како и за намалување на појавата судир на интереси.
|
|
|
22.05.2009 Официјална делегација на Државната комисија за спречување на корупцијата во периодот од 18-20 мај 2009 година во Париз, Република Франција, оствари средба со Service Central de Prevention de la Corruption France (Централна служба за превенција на корупцијата)-тело во состав на Министерството за правда на Република Франција, кое има превентивна улога во спречувањето на корупцијата.
За време на посетата се разменија искуствата во работата на двете институции и на заедничко задоволство се прифати соработката да продолжи интензивно по сите прашања од заеднички интерес.
Во истиот период во Париз во организација на Европската комисија- TAIEX (Technical Assistance Information Exchange Instrument) беше реализирана и студиска посета на Service Central de Prevention de la Corruption France, на вработени од Секретаријатот на Државната комисија. За време на посетата, вработените од ДКСК имаа можност да се запознаат со работата и надлежностите на ова тело и методите и практиките кои се користат во борбата против корупцијата.
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 55 - 63 од 134 |