Skip to content
Вести
  • Да ја расчистиме корупцијата
  • Да ја расчистиме корупцијата
Соопштение
dksk_logo26.02.2009 Согласно со член 48 од Законот за спречување на корупцијата (Службен весник на РМ бр.28/02, 46/04, 126/06 и 10/08), Државната комисија за спречување на корупцијата на седницата одржана на 25.02.2009 година, од редот на членовите, едногласно  ја избра Мирјана Димовска за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата оценија дека должноста претседател на Државната комисија досега успешно се извршува и затоа сметаат дека треба истиот претседател да продолжи да ја раководи Државната комисија.
 
Конференција за медиумите - Избори 2009
DKSK10.02.2009 Како потврда на својата водечка иницијална улога во јакнењето на институционална соработка - за што Државната комисија за спречување на корупцијата иницира Протокол според кој тесно соработуваат петнаесет институции, меѓу другото надлежни и за постапување на полето  на  спречување на корупцијата и судирот на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата организира во соработка со Советот за радиодифузија и Државната изборна комисија заедничка конференција за новинари, што се одржа на 09.02.2009 година во 12 часот во Клубот на пратеници. Заедничка тема на трите институции со оглед на нивната истурена позиција и улога во изборите, беа претседателските и локалните избори 2009 година. Претседателите на трите институции изнесоа актуелни податоци за постапувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата, Државната изборна комисија и Советот за радиодифузија, при што беа потенцирани врските што функционираат секојдневно меѓу нив за да се елиминираат празнините и процедуралните недоречености, односно да се востпостави тесна соработка во изборниот процес. Заедничкиот настап пред јавноста ја манифестира подготвеноста и зрелоста на трите институции за квалитетно и ефективно работење на Европската агенда на Република Македонија, која е фокусирана на визната либерализација.
 
СРЕДБА СО ЕВРОАМБАСАДОРОТ ФУЕРЕ
Sredba So Fuere05.02.2009 Амбасадорот на ЕУ и специјален претставник на ЕК во Македонија г-динот Ерван Фуере во посета на Државната комисија за спречување на корупцијата, при што силно ја подржа работата на Државната комисија, како и потребата за почитување и прифаќање на препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата од институциите во Република Македонија на кои Државната комисија им се обраќа.
Прочитај повеќе...
 
Активности на ДКСК по повод претстојните изборите
logo-kontakt_5028.01.2009 Државната комисија за спречување на корупцијата согласно со Законот за спречување на корупцијата до Агенцијата за државни службеници достави укажување дека во периодот од донесување на Одлука за распишување на избори, па се до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, како и од денот на донесување на Одлука за распишување на избори, па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, е потребно да запре со објавување на нови огласи за вработување на државни службеници.Едновремено, Државната комисија за спречување на корупцијата и укажа на Агенцијата за државни службеници дека за огласите објавени на 10.01.2009 година, постапката Агенцијата да ја запре и да ја продолжи по завршувањето на изборниот процес. Што се однесува за останатите вработувања во јавната администрација, Државната комисија за спречување на корупцијата до субјектите кои објавиле огласи за нови вработувања достави укажување за запирање на постапките по објавените огласи до завршување на изборниот период, со барање во рок од 3 дена да ја известат Државната комисија за нивното постапување по даденото укажување, односно за запирање на постапувањето, и дека во спротивно Државната комисија ќе поведе соодветна судска постапка.
 
Прочитај повеќе...
 
Соопштение
dksk_logo13.01.2009 Државната комисија за спречување на корупцијата, врз основа на своите законски надлежности во обезбедувањето законитост на изборниот процес и на текот на изборната кампања во претседателските и локалните избори распишани на 10.01.2009 година, утврди оперативен план за своето дејствување во целиот изборен период што трае од денот на донесувањето на Одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, како и од денот на донесувањето на Одлуката за распишување на избори па до завршувањето на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и на градот Скопје.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 64 - 72 од 134

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

ТВ Спот

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

ЗЕЛС локална етика

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

BNJVL etika lokale

ДКСК

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
PSM YES
Advertisement
Advertisement

Превземи вести