|
Соопштение од прес конференција |
|
14.11.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата согласно со членот 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата до Јавното обвинителство на Република Македонија и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе четири Иницијативи за поведување постапка за кривично гонење на:
-
службени лица во Министерството за одбрана по Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на финансиските извештаи за 2006 година;
-
службени лица од Министерството за транспорт и врски и службени лица од Комисијата за одлучување по барања за денационализација со седиште во општина Центар по предмет за градежно земјиште, лоцирано наспроти комплексот банки во Скопје;
-
службени и одговорни лица во Бирото за стопански недоволно развиени подрачја, сега Биро за регионален развој, по Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на финансиските извештаи за 2005 година;
-
одговорни лица (директори и членови на органите на управување) на Јавното Претпријатие “Комуналец“ Битола по Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на финансиските извештаи за 2005 година;
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
15.10.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата согласно својата надлежност утврдена во член 49 став 3 од Законот за спречување на корупцијата утврди свои предлози на работната верзија на Предлогот за донесување на Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик со Предлог на закон и на 25.09.2008 година, ги достави до Министерството за правда со цел да придонесе за подобрување на изборната регулатива од антикорупциски аспект.Предлозите беа доставени и до мисијата на ОБСЕ за да се употребат во подготвувањето на Владиниот предлог на измените и дополнувањата на Изборниот законик кои Собранието на Република Македонија ќе ги разгледа и усвои во најкус рок.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|

ИЗБОРНА РЕГУЛАТИВА - препораки
17.09.2008 Препораки утврдени од Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со потребите за измени во изборната регулатива, донесени на 06.08.2008 година.
- Во Изборниот законик да се разграничат видовите на извори на финансирање и да се регулира прашањето дали политичка партијата може да биде спонзорирана или само да користи донации и во која форма ( материјални и други) , дали политичката партијата може да користи позајмици и дали за изборна кампања може да се користат средства од редовната сметка (со утврдување на начинот на внесување на овие средства и на употребата на истите ) со оглед на обврската за посебна – строго наменска жиро сметка од член 71 од Изборниот законик. Исто така треба да се утврди единствен образец за финансиските извештаи на партиите.
- Во Изборниот законик да се регулира како и каде ќе се прикажат средствата кои реално може да пристигнат на сеуште активната сметка за изборна кампања, по истекот на рокот од еден месец во кој политичките партии ги поднесуваат финансиските извештаи до Државната изборна комисија и Државниот завод за ревизија.
- Да се утврди обврска за ревизорска обработка на финансиските извештаи и тие наоди да бидат доставени до органот што носи Одлука за распределба на средствата од Буџетот зависно од изборните резултати, пред законскиот рок за донесување на оваа одлука.
- Да се утврди обврска за давање информации од страна на медиумите за дадените попусти на учесниците во политичкото рекламирање.
- Постапувањето на Јавниот обвинител по известувањето на ДКСК за создаден сомнеж за поткуп на избирачите да добие режим на итност.
- Да се заострат казнените мерки за кршењето на изборната регулатива во сверата на финансирањето на изборните кампањи.
|
|
17.09.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со своите законски овластувања, утврдени во Законот за спречување на корупцијата (,, Службен весник на Република Македонија,, бр.28/02, 46/04, 126/06 и 10/08 ), постапувајќи по предмет, оформен во врска со претставка во која се укажува на незаконитости по постапките за јавни набавки, по разгледување на целокупната документација со која располага, на седница одржана на ден 16.09.2008 година, донесе заклучок согласно со член 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата до Основното јавно обвинителство Скопје ( копија до Јавното обивнителство на РМ) да покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на градоначалникот на општина Кисела Вода Џорџе Арсов и на службени лица задолжени за постапување по јавни набавки во Општината, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластување,, од член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик, со тоа што ја искористиле своjата положба и овластување и спровеле постапки за јавни набавки, каде како набавувач се јавува општина Кисела Вода, спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, со што нанеле штета на Буџетските средства на Општината.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
17.09.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со своите законски овластувања, утврдени во Законот за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмет, оформен во врска со претставка во која се укажува на повреда на одредбите од Законот за денационализација во постапка при спроведување на конечно-извршно решение за денационализација, донесено од страна на Комисијата за одлучување по барања за денационализација со седиште во општина Гостивар, по разгледување на целокупната документација со која располага, на седница одржана на ден 11.09.2008 година, донесе заклучок согласно со член 49 став 1 алинеа 5 од Законот за спречување на корупцијата да покрене Иницијатива до Министерот за финансии за поведување постапка за утврдување одговорност на службените лица од Комисијата за постапување по барања за денационализација со седиште во општина Гостивар и на службените лица од Комисијата за решавање во управна постапка во втор степен од областа на денационализацијата, како и примена на соодветни мерки на одговорност против истите. Државната комисија утврди основи за сомневање дека именуваните постапиле спротивно на член 20 став 2 од Законот за денационализација со тоа што не постапиле по барањето за предавање во владение на имот вратен во сопственост, значи не го извршиле предавањето на имотот што во постапка за денационализација, со правосилно решение е вратен во сопственост на повеќе лица од Тетово.
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 73 - 81 од 134 |