|
Конференција - заклучоци и препораки |
11. 07. 2008 Годишната конференција за оценка на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата, одржана на 04 јули 2008 година, со успех ја отслика реализацијата на активностите од првата година од краткорочните активности утврдени во Државната програма донесена во мај 2007 годинa.
Учесниците на конференцијата оценија дека низ практиката Државната програма се потврдува како стратешки документ и механизам за следење на нејзината имплементација што претставува позитивен чекор во вистинска насока на водење и реализирање активна и ефикасна борба против корупцијата. Тоа несомнено го јакне вкупниот капацитет на Република Македонија на полето на спречувањето на корупцијата што е една од приоритетните стратешки цели за нејзино вклучување во меѓународните глобални системи. Учесниците на Годишната конференција високо ја оценија водечката улога на Државната комисија за спречување на корупцијата која дејствувајќи перманентно како модератор и потикнувач на вкупните антикорупциски процеси во земјата, со успех ја остварува една од своите битни надлежности на донесување и следење на остварувањето на Државна програма за превенција и репресија на корупцијата. Од првата Годишна конференција произлегоа следните заклучоци и препораки.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Државна програма за превенција на судир на интереси |
|
|
Барања за поведување прекршочна постапка |
17.06.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата, на Седницата одржана на 17.06.2008 донесе заклучок до надлежните судови да поднесе барања за поведување на прекршочна постапка против пратеници кои не поднеле анкетен лист по престанок на функцијата. Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 12 април 2008 година донесе Одлука за негово распуштање, по што започна да тече законскиот рок од 30 дена за поднесување на анкетен лист по престанокот на функцијата. Пратеници кои не ја испочитувале законската обврска се:
- Даут Реџепи;
- Ќенан Хасипи;
- Фадил Сулејмани;
- Љубчо Георгиевски;
- Данаил Дончев; и
- Бесим Догани.
Државната комисија заклучи дека лицата против кои се поднесени барањата, го прекршиле членот 33 став 2 од Законот за спречување на корупцијата, според кој; "Избран или именуван функционер, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал, имаат обврска да пополнат Анкетен лист во рок од 30 дена по престанувањето на функцијата."
Покрај ова Државната комисија донесе заклучок дека со неподнесувањето на анкетен лист исполнети се законските услови до Управата за јавни приходи да достави поодделни барања за поведување постапка за испитување на имотната состојба против истите лица, во согласност со членот 36 став 1 од Законот.
Државната комисија ја користи оваа прилика да им укаже на идните пратеници дека 30 дена по одржување на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, се должни да пополнат и достават до Државнта комисија анкетен лист за имотната состојба.
|
|
12.06.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по претставка од граѓани која се однесува на неправилности во стечајната постапка на ТП “ПРЕХРАНА“ од Богданци и по проучување на целокупниот материјал со кој располага, а врз основа на член 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата, на седница одржана на ден 09.05.2008 година донесе заклучок за поднесување на Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на лицето Томе Лисичков – стечаен управник во стечајната постапка над ТП “ПРЕХРАНА“ во стечај од Богданци, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 1 и Несовесно работење во службата по член 353-в од Кривичниот законик.
Наведеното лице ги пречекорило границите на своето службено овластување со тоа дозволило извршување на впаричување на дел од имотот на горенаведеното правно лице спротивно на одредбите од Законот за спречување судир на интереси, Законот за стечај и Етичкиот кодекс за стечајни управници, со што овозможил стекнување на значителна лична корист во вкупен износ од 2.335.000,00 денари.
|
|
|
Предвремени Парламентарни избори 2008 |
|
06.06.2008 Нови Информации за постапувања на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со предмети за предвремените парламентарни избори 2008 година. Воедно Државната комисија за спречување на корупцијата потенцира дека независно од чинот на гласањето и резултатите од гласањето на 01.06.2008 година изборниот процес и натаму е во тек и токму затоа треба да се почитува истиот законски режим соопштен од страна на Државната комисија за однесување на субјектите во поглед на располагањето со јавните фондови, јавните добра и јавните овластувања во време на изборниот процес кој што завршува со чинот на конституирање на Влада.
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 82 - 90 од 134 |