Skip to content
Вести
  • Да ја расчистиме корупцијата
  • Да ја расчистиме корупцијата
Иницијатива за разрешување на Ване Цветанов, директор
на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам

10.06.2010 Државната комисија за спречување на корупцијата, по сопствено наоѓање постапуваше по предмет оформен врз основа на Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на финансиските извештаи на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам - сметка за редовно работење за 2008 година. По проучување на целокупната документација со кој располага и по одржаниот заеднички состанок со овластените ревизори од Државниот завод за ревизија кои работеле на изготвувањето на наведениот извештај, врз основа на член 49 став 1 алинеа 5 од Законот за спречување на корупцијата, донесе заклучок до Владата на Република Македонија да поднесе Иницијатива за поведување на постапка за разрешување на Ване Цветанов, директор на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, поради тоа што како одговорно лице на Управата овозможил нерегуларно и незаконско трошење на средствата од Буџетот на Република Македонија во работењето на оваа Управа во 2008 година. 
Причини поради кои се покренува оваа иницијатива:
• Во однос примената на Законот за државни службеници: 
Во текот на 2008 година, за вработување на нови лица, Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, постапувајќи спротивно на Законот за државните службеници, не поднела барање до Министерството за финансии за добивање согласност за нивно вработување на неопределено време туку тоа го сторила преку агенција за привремени вработувања, при што ангажирала 29 лица. За таквиот висок процент на привремено ангажирани лица, Управата потрошила 6.326.000,00 денари, која сума е поголема споредбено со расходите направени за исплата на плати на редовно вработените, односно за вработените на неопределено време.
• Во однос примената на Законот за јавните набавки:
Во спроведувањето на постапките за јавни набавки во 2008 година, Управата не ги применувала одредбите од Законот за јавните набавки, поради што не е остварено законско и наменско користење на средствата во финансиските трансакции кои претставуваат државни расходи.
 
Судир на интереси
sudir_na_interesi10.06.2010 Постапувајки по предмети од областа на судирот на интереси, Државната комисија заспречување на корупцијата информира по следните предмети:
Ванчо Каргов, директор на Царинската управа на Република Македонија и претседател на Комисија за давање препораки за промена на цена на лековите.
Маја Митрова Стевановиќ,член на совет на општина Неготино и директор на Музеј на град Неготино
Атила Реџепи, член на совет на општина Тетово и ВД дирекотр на ЈЗУ Клиничка болница Тетово.
 
Прочитај повеќе...
 
Агенција за странски инвестиции
10.06.2010 Државната комисија за спречување на корупцијата, по сопствено наоѓање постапуваше по предмет оформен врз основа на Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на финансиските извештаи на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија, за 2008 година.
По утврдена фактичка состојба, а особено од фактот дека во случајот не станува збор за некаква злоупотреба на функцијата и на средствата од буџетот на Агенцијата од страна на нејзиниот директор, Државната комисија заклучи да го заврши постапувањето по овој предмет со тоа што не најде елементи за нејзино надлежно постапување.

Прочитај повеќе...
 
Соопштение
logo-kontakt_5004.06.2010   Државната комисија за спречување на корупцијата  постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси  на седницата одржана 3 јуни 2010 година констатира состојба на судир на интереси поради извршување на две функции истовремено, кај следниве лица: Маја Митрова Стевановиќ, Атила Реџепи и Владимир Здравев.
Прочитај повеќе...
 
Соопштение
dksk_logo03.06.2010 Државната комисија за спречување на корупцијата, значителен дел од својата работа ја насочува кон исполнување на нејзината превентивна улога што произлегува од надлежностите утврдени во Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување судир на интереси. Зголемената сензитивност на граѓаните и институциите за појавата на судир на интереси, особено по измената на Законот за спречување судир на интереси од септември 2009 година, го зголеми бројот на претставки кои пристигнуваат до Државната комисија. Во претставките се содржани наводи дека во поголемиот дел од општините во Република Македонија има случаи на лица кои покрај тоа што се членови на советите на општините, истовремено се избрани и наименувани функционери и вршат раководни функции/директори на јавни служби (јавни претпријатија, јавни установи и др.) основани од локалната или централната власт и при тоа се бара нејзино надлежно постапување. Тоа е повод за зголемено внимание и реакција на Државната комисија во духот на законот. Инициранa од ваквата состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата одржа тематска седница на која што беше разгледана оваа појава од аспект на постојната регулатива и активности како истата да се надмине. Во оваа прилика Државната комисија заклучи во функција на превентивно делување да се обрати до јавноста со следното укажување:

  • Лицата кои се избрани и вршат функција на член на совет на општина или на градот Скопје, а истовремено се избрани и наименувани функционери кои вршат раководни функции во јавни служби основани од локалната или централната власт, во духот на Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување судир на интереси, да се откажат од една функција која ја вршат бидејќи таквата нивна состојба е спротивна на одредбите што забрануваат вршење на други дејности и ги доведува во состојба на судир на интереси, што исто така е санкционирано со закон. 
  • Упатно е сите чинители во општеството, вклучувајќи ги централните и локалните власти, активно да се вклучат во надминување на ваквите состојби со преземање на конкретни активности кон лицата кои што се наоѓаат во состојба на судир на интереси што поитно да излезат од таквата состојба. Тоа ќе придонесе за ефикасна примена на законите и функционирање на системот.
  • Доколку нивните активности во овој правец не вродат со плод, тогаш за конкретните случаи да се обратат до Државната комисија за спречување на корупцијата за да таа ги разгледа и да постапи по истите согласно Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување судир на интереси
  • Органите на централната и локалната власт во иднина, при изборот или наименувањето на лица/функционери, потребно е да воспостават систем кој ќе превенира појава на случаи кога исто лице е избрано или наименувано на две или повеќе функции, што претставува кумулација на функции како појавен облик на судирот на интереси.
  • Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го интензивира своето работење во насока на активно следење на овие состојби со судирот на интереси.
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 10 - 18 од 134

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

ТВ Спот

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

ЗЕЛС локална етика

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

BNJVL etika lokale

ДКСК

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
PSM YES
Advertisement
Advertisement

Превземи вести