Skip to content
Вести
  • Да ја расчистиме корупцијата
  • Да ја расчистиме корупцијата
Узурпација на дворно место

logo-kontakt_5018.03.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмет, оформен во врска со узурпација на државно градежно земјиште-двор на Основното училиште "Браќа Рамиз и Хамид" Шуто Оризари-Скопје и изградба на приватни градежни објекти-семејни куќи на ова градежно земјиште, по разгледување на документацијата со која располага, на 73-та седница, одржана на ден 18.03.2008 година,  донесе заклучок, согласно член 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата ("Службен весник на Република Македонија" бр.28/02, 46/04, 126/06 и 10/08) до Основното јавно обвинителство Скопје да покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на градоначалникот на Општина Шуто Оризари Ердуан Исени, на службени лица на локалната самоуправа Општина Шуто Оризари и на службени лица од Министерството за транспорт и врски кои го вршат надзорот над законитоста на работата на органите на општината, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело "Злоупотреба на службената положба и овластување" од член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија, затоа што не ја извршиле својата службена должност и овозможиле нелегална изградба на стамбени објекти-семејни куќи во дворот на Основното училиште "Браќа Рамиз и Хамид" Шуто Оризари-Скопје. 

 
Градоначалник на Општина Шуто Оризари

dksk_logo

18.03.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмет, оформен во врска со оглас за избор на директор на Основното училиште  "Браќа Рамиз и Хамид" Шуто Оризари-Скопје, објавен на ден 03.08.2007 година и изборот на лицето Шаип Исени за директор на училиштето од страна на градоначалникот на Општина Шуто Оризари Ердуан Исени, по разгледување на документацијата со која располага, на 73-та седница, одржана на ден 18.03.2008 година,  донесе заклучок, согласно член 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата ("Службен весник на Република Македонија" бр.28/02, 46/04, 126/06 и 10/08 ) до Основното јавно обвинителство Скопје да покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на лицето Ердуан Исени, градоначалник на Општина Шуто Оризари, бидејќи постои основа за сомневање дека сторил кривично дело "Несовесно работење во службата" од член 353-в од Кривичниот законик на Република Македонија, затоа што спротивно на законските прописи за судир на интереси донел решение, под бр.08-739/2 од 23,08,2007 година, со кое за директор на Основното училиште  "Браќа Рамиз и Хамид" Шуто Оризари-Скопје го избрал својот татко Шаип Исени.

 
Градоначалник на Општина Шуто Оризари

dksk_logo18.03.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата на 73–та седница, одржана на 18.03.2008 година донесе заклучок до Основниот суд Скопје 1 Скопје да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка против градоначалникот на Општина Шуто Оризари Ердуан Исени, затоа што именуваниот, како избран функционер, градоначалник на Општина Шуто Оризари, по донесување на решение, под бр.08-739/2 од 23.08.2007 година, за избор на неговиот татко Шаип Исени за директор на Основното училиште ,, Браќа Рамиз и Хамид,, Шуто Оризари-Скопје, во рок од 10 дена од ваквиот избор, не ја известил Државната комисија за спречување на корупцијата што е спротивно на неговата должност според која избран или именуван функционер, службено лице и одговорно лице во јавно претпријатие и друго правно лице што располага со државен капитал е должно да ја извести Државната комисија за секој избор, именување, унапредување или вработување, на член не неговото семејство во државен орган, орган на локалната самоуправа, јавно претпријатие или друго правно лице што располага со државен капитал во рок од 10 дена по извршениот избор, именување, унапредување или вработување.Со горните дејствија, именуваното лице, како избран функционер-градоначалник на Општина Шуто Оризари, постапил спротивно на должноста, утврдена во член 29 став 2 од Законот за спречување на корупцијата  (,, Службен весник на Р.М.,, бр.28/02, 46/04, 126/06 и 10/08 ), со што сторил прекршок казнив по член 63 од истиот Закон.     

 
Соопштение -Трубарево

dksk_logo14. 03. 2008  Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по  претставки од граѓани кои се однесуваат на информација за злоупотреба на државно земјиште дадено под закуп на АД за производство и промет на земјоделски и сточарски производи „Факултетско земјоделско стопанство“ с.Трубарево и по проучувањето на целокупниот писмен материјал со кој располага, а врз основа на член 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата, на седница одржана на ден 11.03.2008 година донесе заклучок за понесување Иницијатива до Јавното обвинителство на РМ, и тоа:

  1. за поведување постапка за кривично гонење на службени лица во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Општина Гази Баба, Државниот завод за геодетски работи, ЈП за стопанисување со пасишта , Министерството за економија и Министерството за животна среднина и просторно планирање, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик на РМ, затоа што овозможиле незаконито користење и располагање на државно земјиште во вкупна површина од 449.20.97 ха, дадено под закуп на АД за производство и промет на земјоделски и сточарски производи „Факултетско земјоделско стопанство“ с.Трубарево – Скопје,
  2. за поведување постапка за кривично гонење на лицето Танас Трајковски во својство на директор на АД за производство и промет на земјоделски и сточарски производи „Факултетско земјоделско стопанство“ с.Трубарево – Скопје и правното лице АД за производство и промет на земјоделски и сточарски производи „Факултетско земјоделско стопанство“ с.Трубарево – Скопје поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело по член 218 и 230 од Кривичниот законик на РМ.
 
Оценувачка мисија


logo-kontakt11.03.2008 Оценувачката експертска мисија на Европската комисија за областа правда, слобода и безбедност од 10 до 14 март 2008 година претстојува во Република Македонија.
Оценувачката мисија за делот корупција, економски и финансиски криминал и перење пари, првата работна средба ја оствари со Државната комисија за спречување на корупцијата во Република Македонија.
Се оценува периодот од предходната оценувачка мисија во 2005 година до денес, по што ќе биде подготвен официјален извештај. Експертот на оценувачката мисија Мартин Полајн, од Велика Британија, покажа интерес за сите аспекти на превенцијата и репресијата на корупцијата во Република Македонија, посебно за реализацијата на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и посветеноста на државните органи и институции во нејзината имплементација, за што се испланирани потребните финансиски средства.
Стана збор и за активноста на Државната комисија за спречување на корупцијата за изготвување и донесување на Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси, како една од стратешките задачи во примената на приоритетите на Евроагендата на Република Македонија во оваа година. Презентирани се постигањата остварени во изминатиот период особено на планот на соработката меѓу сите органи и институции надлежни за сузбивање на корупцијата во Република Македонија.

 
<< Почеток < Претходна 11 12 13 14 15 Следна > Крај >>

Резултати 100 - 108 од 134

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

ТВ Спот

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

ЗЕЛС локална етика

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

BNJVL etika lokale

ДКСК

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
PSM YES
Advertisement
Advertisement

Превземи вести