Обратете се до Комисијата

Што можете Вие да направите, што треба да очекувате од нас
- Можете да поднесете претставка кога сте се соочиле со корупција или кога имате таков впечаток
- Можете да се потпишете или да останете анонимни
- Како и да постапите  Државната комисија ви гарантира дискреција – вие сте соработник на правдата и уживате заштита
- Вашите лични податоци нема да им бидат откриени на лицата против кои ја поднесувате претставката ниту на медиуми, политички партии или на други граѓани
- Во претставката понудете податоци, факти, аргументи, документи, сознанија – тие ќе бидат чувани како службена тајна
- Ако се бара од Вас бидете подготвени да дадете дополнителни податоци
- Постапувањето по претставките е неселективно и непристрасно
- Очекувајте да добиете известување за исходот од Вашата претставка и за преземените мерки од наша страна 
- Можете да барате пристап до информациите од јавен карактер што ги поседува Државната комисија и тоа извештаи, програми, одлуки, записници и друго
- Очекувајте од нас љубезност и почит

Како се одвива процесот на работа по преставки

proces