Соопштение

sredba

19.05.2015 Државната комисија за спречување на корупцијата во партнерство со Сојузното биро за администрација на Република Германија на 18 и 19 мај организираше тематски работилници со пратениците во Собранието на Република Македонија..

Работилниците се дел од компонентата 3 на ИПА Твининг проектот „Поддршка на ефикасната превенција и борба против корупцијата“. Во рамките на Проектот се развиени 8 компоненти со активности посебно значајни за земјата и со учество на сите надлежни институции.

Воведно обраќање на работилниците имаше проектниот лидер на ИПА Твининг проектот и член на ДКСК д-р Игор Тантуровски, а свое обраќање имаше Драго Кос, врвен меѓународен експерт за антикорупција, претседавач со Работната група OECD за корупција во меѓународните бизнис трансакции и поранешен претседавач на Комисијата за спречување на корупција во Словенија.

 

На работилниците преку дискусија беа изнесени ставови и размислувања на следните теми: Законска рамка и пракса од важност за пратениците, UNCAC ,Конвенции на Советот на Европа со фокус на Казнена Конвенција, препораки од четвртиот круг на евалуација на GRECO од интерес на пратениците, поднесување анкетни листови и изјави за интереси до ДКСК, примање подароци и други етички прашања, неспојливост и кумулација на функции, непотизам, лобирање врз носителите на законодавната власт, механизми за надзор над ДКСК, соработка со ДКСК и препораки за зајакнување на капацитетите и функциите на ДКСК.

Видеозаписот од работилницата можете да го погледнете овде

Повеќе слики од настанот можете да погледнете во Галерија со слики