Трет состанок на Управниот комитет
press 09.12.2010 019

02.06.2015

Државната комисија за спречување на корупцијата и Сојузната служба за администрација на Германија во рамките на Твининг проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“ на ден 02.06.2015 година го одржаа третиот состанок на Управниот одбор на проектот.

На состанокот учествуваа претседателот на ДКСК Горан Миленков, проектните лидери д-р Игор Тантуровски и Холгер Мајкл Арндт, постојаниот твининг советник Јоаким Шванке, претставникот од Делегацијата на ЕУ во Република Македонија Манфредас Лимантас и претставници од Сојузната служба за администрација на Германија и од надлежните домашни институции.

На состанокот се разговараше за реализацијата на активностите од проектот во третиот квартал на имплементација, како и за претстојните активности согласно временската рамка. Се разгледаа сите компоненти на проектот поединечно и при тоа беше констатирано дека соработката е на високо ниво и генерално активностите се реализираат согласно утврдената динамика.

Повеќе слики можете да видете на линкот