Четврти состанок на Управниот комитет
press 09.12.2010 019

04.12.2015

На 13 ноември 2015 година Државната комисија за спречување на корупцијата го одржа четвртиот состанок на Управниот комитет на Твининг проектот „ Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата “ меѓу Државна комисија за спречување корупција и германската Сојузна служба за администрација.

На состанокот учествуваа претседателот на ДКСК Горан Миленков, проектните лидери д-р Игор Тантуровски и Холгер Мајкл Арндт, претставникот од Делегацијата на ЕУ во Република Македонија Манфредас Лимантас и претставници од Сојузната служба за администрација на Германија и од надлежните домашни институции. На состанокот беше претставен новоименуваниот Постојан твининг советник Детлеф фон Шмелинг кој ја понуди својата експертиза и искуство во антикорупциската област.

Тема на состанокот беше усвојување на четвртиот квартален извештај. Притоа, се разговараше за претстојните активности од проектот согласно временската рамка и се разгледаа сите компоненти на проектот поединечно.

Беше информирано дека ДКСК е во процес на сертификација за вклучување во националниот проектот за интероперабилност. Во почетната фаза ДКСК треба да биде поврзана со 6 институции.

На средбата се истакна дека во пресрет на претстојните парламентарни избори проектот може да даде својот придонес во превенцијата на изборната корупција во делот на подигнување на јавната свест во однос на спречувањето на корупцијата за време на избори, вклучително и финансирањето на предизборните кампањи и на политичките партии.

Повеќе слики можете да видете на линкот