Коференција - Ден на интегритетот
press 09.12.2010 019

05.05.2016

Државната комисија за спречување на корупцијата со поддршка на германската Сојузна служба за администрација одржа Конференција на тема: „ Ден на интегритетот: Спречување на корупција и судир на интереси во единиците на локалната самоуправа“ во рамки на ИПА Твининг проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“.

На Конференцијата поздравни говори имаа Претседателот на ДКСК д-р Игор Тантуровски, Министерката за локална самоуправа г-ѓа Ширет Елези, Шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија амбасадорот Аиво Орав, заменик амбасадорот на С.Р. Германија Хелге Зандер и амбасадорот на Словенија Бранко Раковец.

Државниот советник во Државната комисија за спречување на корупцијата Владимир Георгиев и проектните експерти д-р Паула Боровска од Германија и д-р Јуре Шкрибец од Словенија одржаа презентации на тема концепт и систем на интегритет во локалната самоуправа и меѓународни практики за проценка на ризици.

Денешната конференција претставува продолжување на активностите кои Државната комисија за спречување на корупцијата со поддршка на УНДП ги започна уште во 2011 година во насока на воведување на концепт на интегритет во единиците на локалната самоуправа.

На Конференцијата присуствуваа повеќе градоначалници и претставници од единиците на локалната самоуправа.

Повеќе слики можете да видете на линкот