Skip to content
Вести
Државна програма 2011 - 2015

acroread
Државна програма за превенција и репресија на корупцијата и за превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2011-2015 година (607KB)

 
Соопштение
logo-kontakt_5015.12.2011 На 09 декември 2011 година, Здружението на граѓани „Младински образовен форум“ од Скопје, потпиша Согласност за пристапување кон Меморандумот за взаемна поддршка за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Меморандум за соработка), кој на 28.12.2010 беше потпишан меѓу ДКСК и  17 граѓански организации, а во февруари 2011 година кон него се приклучи и Македонскиот центар за лобирање–Битола.
 
9-ти Декември 2011

Меѓународен ден за борба против корупцијата

dksk_logoДржавната комисија за спречување на корупцијата на 9-ти декември 2011 година (петок) во 11.00 часот во Скопје, хотел „Stone Bridge“ го одбележа Меѓународниот ден за борба против корупцијата. На овој ден, Државната комисија за спречување на корупцијата пред претставниците од државните институции, невладиниот и приватниот сектор, медиумите и претставниците од меѓународните организации, ја промовираше Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2011-2015.Како значаен сегмент во оваа Државна програма, а особено во промовирањето и градењето на демократската култура  во општеството е и приватниот сектор.
Со цел поефикасно да се одговори на предизвиците и тековните проблеми на земјата, особено во делот на превенцијата и репресијата на корупцијата и судирот на интереси, а притоа ценејќи ја подготвеноста и покажаниот интерес за соработка од страна на приватниот сектор, за реализација на заеднички активности и проекти од областа на превенцијата на корупцијата и судирот на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата, на денот на одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата го потпиша Меморандум за соработка за взаемна поддршка за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со претставници од приватниот сектор

 
По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата даде изјава и Генералниот Секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун.

9 dekemvri 2011 045
9 dekemvri 2011 046
9 dekemvri 2011 047

 

 
Меѓународна работилница
“Градење на интегритетот и спречувањето на корупцијата во Македонија: концепти, предизвици и насоки на делување“.
 
logo-kontakt
Амбасадите на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Холандија, Германија, Норвешка и Шведска во Република Македонија во соработка со Државната комисија за спречување на корупцијата како национален партнер, од 3-5 Ноември 2011 година во Хотел Бистра, Маврово
u4
оддржаа U4 работилница на тема “Градење на интегритетот и спречувањето на корупцијата во Македонија: концепти, предизвици и насоки на делување“.
Оваа работилницата претставуваше настан од високо ниво на кој учествуваа Министри и претставници на Владата на Република Македонија, преставници на Амбасадите од U4 земјите во Република Македонија, Државната комисија за спречување на корупцијата, граѓански организации, медиуми како и истакнати домашни и меѓународни експерти.
Целта на работилницата беше промовирање на анти-корупциските мерки и стратегии применети од страна на U4 земјите, во насока на воспоставување на професионална мрежа на практичари меѓу институциите и граѓанското општество во областа на анти-корупцијата. Исто така работилницата резултираше со утврдување на наоди како заклучни согледувања.
По финализирање на заклучните согледувања истите ќе бидат дистрибуирани до учесниците и објавени на веб страницата на ДКСК.
Извештај од работилница        
acroread
Workshop report         acroread
Агенда 
 
Информација

31.10.2011

acroread
Информација за примената на законските прописи во предвремените парламентарни избори 2011 во врска со прашања за кои е надлежна Државната комисија за спречување на корупцијата 
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 9 од 180

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

ДКСК

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
PSM YES
undp_logo
Advertisement
Advertisement

Превземи вести