Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Спречување на корупцијата / Иницијативи
Спречување на корупцијата / Иницијативи
Иницијатива Испечати Е-пошта

dksk_logo18.07.2013  Државната комисија за спречување на корупцијата покрена Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на П.Ј и Д.Ј., одговорни лица на друштвото "Калина"ДООЕЛ - нас.Оризари, Крчани, поради основи на сомневање дека сториле кривично дело Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а од Кривичниот законик, затоа што вршеле нелегален ископ на минерална суровина - песок од нива во близина на с. Прибачево на место викано Белско поле без да поседуваат соодветна дозвола за експлоатација на минералната суровина- песок, како што е утврдено со членот 23 и членот 41 од Законот за минерални суровини ("Сл.весник на РМ" бр. 24/07, 88/08, 52/09, 06/10, 158/10 и 53/11), со што се здобиле со противправна имотна корист на штета на јавниот интерес.

Прочитај повеќе...
 
Информација за медиумите Испечати Е-пошта
logo-kontakt_5003.02.2012 Денешната конференција за медиумите, Државната комисија за спречување на корупцијата ја свика со цел да ја извести јавноста за работи од својата надлежност, а се однесуваат на повеќе иницијативи за кривично гонење, констатирано прекршување на Законот за спречување на корупцијата и во врска со тоа поднесување барање за поведување прекршочна постапка и постапка за испитување на имотот и имотната состојба, како и за предмети што се однесуваат на судир на интереси во извршувањето на јавни фукции на одделни категории лица. 
Прочитај повеќе...
 
Соопштение Испечати Е-пошта
logo-kontakt_5023.02.2011 Постапувајки по предмет оформен врз основа на пријава за незаконитости во работењето на правното лице Работнички Универзитет Кочо Рацин - Скопје,  Државната комисија за спречување на корупцијата донесе заклучок до Јавниот обвинител на Република Македонија да достави  Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на одговорните лица на Работничкиот Универзитет  Кочо Рацин - Скопје
  1. Ј.А. - директор и
  2. М.С.  - секретар
Прочитај повеќе...
 
Соопштение Испечати Е-пошта
Елизабета Канческа – Милевска, министер за култура

dksk_logo15.02.2011    Државната комисија по сопствена иницијатива оформи предмет во врска со јавно изнесените наводи за членувањето и работата во стручни комисии на министерството за култура со паричен надоместок, на тогашниот државен секретар и актуелен министер за култура Елизабета Канческа – Милевска.
Прочитај повеќе...
 
Соопштение Испечати Е-пошта
dksk_logo27.01.2011 Државната комисија за спречување на корупцијата на прес конференција одржана на 27 јануари 2011 ги изнесе податоците за своето тековно работење и поднесените иницијативи, и тоа:

I. Спроведување на законот за спречување на корупцијата
Државната комисија за спречување на корупцијата, работејќи по предмети од областа на корупцијата, во изминатиов период покрена вкупно 3 Иницијативи за поведување постапка за разрешување. Иницијативите се покренати против следните лица:
- Жарко Караџоски, директор на ЈП “Македонски шуми” – Скопје;
- Јасмина Никиќ - Десановска, директор на Општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола; и
- Цветко Видоески, директор на Основното училиште „Гоце Делчев“ Тетово.

II. Спроведување на законот за спречување судир на интереси
Во однос на спроведувањето на Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија информира дека по спроведена постапка, на вкупно 4 лица им изрекува законска мерка ЈАВНА ОПОМЕНА и тоа:
- Михаило Џолонга
- Ѓулер Шабаноски
- Сузана Крстеска
- Исен Демири
На наведените лица им се изрекува мерката јавна опомена бидејки и покрај тоа што претходно е констатирано и им е побарано од страна на Државната комисија согласно закон да излезат од состојба на судир на интереси, тие не го сторија тоа, односно не се откажаа од истовременото вршење на две функци.

III. Имотна состојба на министерот за одбрана, Зоран Коњановски
По спроведената постапка од страна на Државната комисија прозилезе дека не се потврдуваат јавно изнесените наводи од политичката партија “Обединети за Македонија”, односно дека министерот за одбрана не поседува имот кој не го пријавил во својот анкетен лист.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 9 од 56

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo