Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Обуки
Работна посета во Црна Гора Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

31.08.2015 Претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата во рамките на долгогодишната соработка со Комисијата за спречување на судир на интереси на Црна Гора остварија уште една работна посета во врска со обуката „Едукација на јавните функционери за судир на интереси “ што се одржа во на 26 август во Андријевица, Република Црна Гора.

Тема на обуката беше Судир на интереси- нов Закон за спречување на судир на интереси со измените и дополнувањето на Законот, ограничувања во вршењето јавни функции, пријавување поклони, водење постапки пред Комисијата, јавни набавки и конфликт на интереси, меѓународни искуства, препораки на Европската Комисија и казнени одредби.

Прочитај повеќе...
 
Програмата за мобилност на државни службеници Испечати Е-пошта
dscn5012 12.06.2013 година-Во периодот од 10-14 јуни 2013 година во Државната комисија за спречување на корупцијата во рамките на Програмата за мобилност на државни службеници на Регионалната школа за јавна администрација РеСПА, Даниловград, Црна Гора се реализира студиска посета на претставник од Агенцијата за антикорупција од Република Србија. Оваа студиска посета на тема „Антикорупција во јавната администрација“ се остварува во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација.
Прочитај повеќе...
 
Учество на обуки Испечати Е-пошта
во организација на УЈП - Даночна академија
dksk-ujp30.05.2013 Државната комисија за спречување на корупцијата, во својство на предавач, во текот на мај 2013 година учествуваше на дел од обуките предвидени за 2013 година, за едукација и јакнење на свеста на кадрите на УЈП за препознавање, превенција и репресија на корупцијата и спречување на појавата на судирот на интереси, како и презентирање на системот на интегритет, а во организација на Управата за јавни приходи – Даночна академија. Целна група на обуките беа вработените кои имаат директен контакт со даночните обврзници и тоа: даночните инспектори и даночните контролори, шалтерските даночни службеници и нивните раководители.
Прочитај повеќе...
 
Концепти и методологии Испечати Е-пошта
 за прибирање и обработка на антикорупциските податоци
 
taiex25.05.2013 Со подршка на TAIEX инструментот на Европската Комисија, во периодот од 21-24 мај 2013 година, во Берлин , Федеративна  Република Германија,   се оствари студиската посета на претставници од Државната комисија за спречување на корупцијата, на тема ,, Концепти и методологии за прибирање и обработка на антикорупциските податоци “.Цел на студиската посета беше запознавање со законската регулатива, практиките и искуствата на оваа држава во областа на проценка на ризикот, следење и имплементација на препораките и откривање на подрачјата погодени од корупцијата, собирање, обработка и анализа на статистички податоци за влијанието и спречувањето на корупцијата, соработка на јавниот и приватниот сектор на ова поле, како и меѓуинституционалната соработка во истрагата на дела од областа на корупцијата.
 
Обука на номинираните лица Испечати Е-пошта
за работа со WEB апликацијата за електронско доставување на податоците за Акциониот план на Државните програми 2011-2015
 
obukathumb 24.10.2012 година Државната комисија за спречување на корупцијата во периодот од 16-19 октомври 2012 година реализираше четири еднодневни обуки за номинираните лица од институциите кои се надлежни за доставување на податоци за статусот на реализација на активностите од Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси со Акционен план 2011-2015. Обуките имаа за цел номинираните лица да се запознаат со практична примена и користење на WEB апликацијата за електронско (online) пополнување и доставување на податоците за Државните програми, која ДКСК ја изработи со финансиска поддршка на УНДП и во соработка со ИТ компанијата НЕОКОМ од Скопје. Преку WEB апликацијата која претставува новина во процесот на следење на реализацијата на активностите од Државните програми, ДКСК ќе го унапреди, подобри и забрза процесот на прибирање, обработка и анализа на податоците за статусот на реализација на активностите.
 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 9 од 12

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo