Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Државна програма arrow за превенција и репресија на корупцијата 2007-2011
за превенција и репресија на корупцијата 2007-2011
Соопштение Испечати Е-пошта
17.06.2010    Државната комисија за спречување на корупцијата на 18 јуни 2010 година (петок), во хотел „Арка” Скопје со почеток во 09.30 часот ќе ја одржи Третата годишна конференција за оценка на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата.
На Конференцијата ќе учествуваат претставници од законодавната и извршната власт, правосудството, локалната власт и претставници од медиумите и невладиниот сектор.
Првиот дел од Конференцијата ќе биде посветен на остварувањето на Државната програма, со приказ на степенот на реализацијата на активностите од програмата, нереализираните активности и причините за нивна нереализација. На вториот дел од Конференцијата ќе се презентираат насоките и процесот за изготвување на новата Државна програма и акциониот план.
 
 
Заклучоци Испечати Е-пошта

од годишната конференција на Државната комисија за спречување на корупцијата

25.06.2009 Државната комисија за спречување на корупцијата на 25 јуни 2009 година ја одржа Втората годишна конференција за оценка на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата.
На Конференцијата учествуваа претставници од институциите  вклучени во процесот на следење на реализацијата на активностите од Државната програма.   Претседателот на Државната комисија  г-ѓа Мирјана Димовска, по отворањето на Конференцијата презентираше општа слика на реализацијата на активностите од Државната програма и посочи дека оваа година е евидентен напредокот во остварувањето на активностите со процент на реализација 39%, за разлика од првата година кога беа завршени 31% од активностите.
На Конференцијата свое обраќање имаа и Потпретседателот на Собранието на Република Македонија г-ѓа Светлана Јакимовска, г-дин Dwaine Lee, директор на Канцеларијата за демократски развој и образование на УСАИД во Република Македонија како и претставникот на Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, г-дин Patrick Paquet. По презентација на реализацијата на активностите по столбови, при што посебен акцент беше ставен на делумно реализираните и нереализираните активности, учесниците имаа можност преку отворена дискусија да укажат на причините поради кои одредени активности не се реализирани или делумно се реализирале.

 

Прочитај повеќе...
 
Конференција - заклучоци и препораки Испечати Е-пошта
konferencija_ohrid_2008.11. 07. 2008 Годишната конференција за оценка на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата, одржана на  04 јули 2008 година, со успех ја отслика реализацијата на активностите од првата година од краткорочните активности утврдени во Државната програма донесена во мај 2007 годинa.
 
Учесниците на конференцијата оценија дека низ практиката Државната програма се потврдува како стратешки документ и механизам за следење на нејзината имплементација што претставува позитивен чекор во вистинска насока на водење и реализирање активна и ефикасна борба против корупцијата. Тоа несомнено го јакне вкупниот капацитет на Република Македонија на полето на спречувањето на корупцијата што е една од приоритетните стратешки цели за нејзино вклучување во меѓународните глобални системи. Учесниците на Годишната конференција високо ја оценија водечката улога на Државната комисија за спречување на корупцијата која дејствувајќи перманентно како модератор и потикнувач на вкупните антикорупциски процеси во земјата, со успех ја остварува една од своите битни надлежности на донесување и следење на остварувањето на Државна програма за превенција и репресија на корупцијата. Од првата Годишна конференција произлегоа следните заклучоци и препораки.

 

Прочитај повеќе...
 
Државна програма 2007 Испечати Е-пошта

На 28 мај 2007 година, Државната комисија за спречување на корупцијата ја донесе Државната програма за превенција и репресија на корупцијата. Во Државната програма и Акциониот план промовиран е систем на мерливост преку клучни индикатори на работењето што се поврзани со детектираните проблеми и утврдените активности за намалување на ризиците или на можностите поради кои се јавува или се поттикнува корупцијата. Преку системот на следење на работењето ќе се следат индикаторите и промените и врз основа на тоа ќе се предлагаат натамошни активности за ефикасна превенција на корупцијата.   acroread 

Државна програма и акционен план

acroread
Оценка за остварувањето на ДП 2007 - 2011 година
 

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo