Соопштение од прес |
![]() |
![]() |
![]()
-Имено, именуваните во текот на 2006 година
спротивно на член 12 став 2 од Законот за јавните набавки ( ,,Службен
весник на РМ,, бр.19/04 и 109/05) во 4 случаи извршиле набавки чија
предвидена вредност во Одлуките-Решенијата за јавни набавки е помала
во однос од онаа од склучените договори во вкупен износ од 4.984.000,оо
денари.
-Спротивно на член 12 од истиот закон, во 19 случаи на набавки од мала вредност чија вкупна вредност изнесува 2.933.000,оо денари, понудите се доставени пред да биде донесена Одлука за јавна набавка. -Спротивно на член 72 став 2 од истиот Закон, во 18 случаи за вкупен износ од 2.489.000,оо денари вршени се набавки на истородни добра повеќе пати во текот на иста календарска година во постапка за јавна набавка од мала вредност. -Спротивно на Законот за јавни набавки, во 9 случаи извршени се набавки на стоки и услуги во вкупен износ од 356.000,оо денари без спроведување на постапка за јавна набавка. -Кај набавките од ограничен повик во втора фаза од постапката за јавна набавка, при доставување на покана за поднесување на понуди постапувано е спротивно на Законот за јавни набавки ( член 63 ) од причина што во поканата за поднесување на понудата не се наведени критериумите за избор на најповолен понудувач. -Спротивно на член 53 од истиот Закон не е составуван извештај за разгледување, оценување и споредување на понудите ниту пак е применувана методологија за бодирање за избор на најповолен понудувач. Изборот на понудувачите, кои склучиле договор и нивното ангажирање за извршување на пооделни работи било вршено по наоѓање на именуваните лица без претходно утврдени критериуми. Во сите постапки за јавни набавки не се поднесени изјави за непостоење на конфликт на интереси ( спротивно на член 21 од Законот за јавни набавки ). |
< Претходно | Следно > |
---|