Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

СРЕДБА СО ЕВРОАМБАСАДОРОТ ФУЕРЕ Испечати Е-пошта
Sredba So Fuere05.02.2009 Амбасадорот на ЕУ и специјален претставник на ЕК во Македонија г-динот Ерван Фуере во посета на Државната комисија за спречување на корупцијата, при што силно ја подржа работата на Државната комисија, како и потребата за почитување и прифаќање на препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата од институциите во Република Македонија на кои Државната комисија им се обраќа.
На 05 февруари 2009 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, со почеток во 12.00 часот, се  одржа средба со амбасадорот на ЕУ и специјален претставник на ЕК во Македонија г-динот Ерван Фуере. На средбата со Амбасадорот присуствуваа Претседателот на Државната комисија Мирјана Димовска, членовите на Државната комисија Љубинка Муратовска Маркова, Мане Колев, Илми Селами, Ариф Муса, Зоран Додевски и Цветко Мојсоски и вработените во Секретаријатот на Државната комисија Софка Пејовска Дојчиновска, Владимир Георгиев и Маја Коневска.
Состанокот се одржа на барање на Евроамбасадорот, заради информирање со актуелната работа на Државната комисија, а особено  за постапувањето на Државната комисија за време на изборниот процес.
Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Мирјана Димовска пред се изрази благодарност до Амбасадорот за интересирањето што го покажува за работата на ДКСК.
 Најпрво, Претседателот Димовска го информираше Амбасадорот за донесената Програма за работа за 2009 година, изготвувањето на Стратешкиот план за односи со јавноста, работата околу изготвувањето на Годишниот извештај за работа на Државната комисија за 2008 година, и особено за актуелното постапување на Државната комисија за време на изборниот процес каде како главна надлежност на Државната комисија е следењето на недозволеното трошење на финансиски средства во функција на изборите, а заради стекнување на наклоност на избирачите. 
Притоа, Претседателот на ДКСК го подвлече учеството и придонесот на ДКСК во измените и дополнувањата на Изборниот законик.  Sredba So Fuere
Во врска со изборите 2009 - та, Претседателот на ДКСК информираше за 168-те предмети кои ги отвори и следи Државната комисија за спречување на корупцијата од кои како најмногубројни се за отворени и објавени постапки за вработувања токму во предизборниот процес (85 отворени предмети за 550 вработувања) и објавени постапки за прибирање понуди по јавни набавки. Притоа Г-динот Фуере беше запознат со целокупниот процес на постапување по ваквите предмети.
 Г-ѓата Димовска покрај работењето околу предметите информираше и за останатите активности што ги презема, како што се изготвувањето на оперативен план за следење на изборниот процес, ангажирање на агенција за следење на предизборната кампања, соработката со другите институции надлежни за следење на изборниот процес. Тука ја нагласи важноста од тесна соработка и секојдневна размена на податоци и информации по одделни предмети, прашања, помеѓу Државната комисија за спречување на корупцијата, Советот за рабиодифузна дејност и Државната изборна комисија, надлежни за постапување на изборните правила, за медиумското покривање и за финансирањето на изборите. Како јавна манифестација на воспоставеното постапување трите институции организираат  конференција за новинарите на 09.02.2009 година во Клубот на пратеници.
Во тој контекст беа потенцирани резултатите од соработката на  Државната комисија со другите институции во борбата против корупцијата, што потекнуваат  од потпишаниот Протокол за соработка помеѓу 15 институции надлежни или вклучени во борбата против корупцијата. Се напомена дека потпишувањето на овој Протокол значи дневна комуникација, заедничко работење по предмети, размена и давање на мислење, учество во законски измени итн.
Амбасадорот на ЕУ и специјален преставник на ЕК во Македонија г-динот Ерван Фуере изрази задоволство, особено од презентираните информации потребни за визна либерализација, што сведочат за прогресот кој го прави Република Македонија.
Евроамбасадорот нагласи дека Европската комисија целокупниот фокус го става на изборниот процес, и истиот го смета за клучен, суштински тест за Р.Македонија, и истиот ке биде следен, од аспект на примената на законите и препораките од ОБСЕ. Ја поздрави воспоставената соработка помеѓу трите институции и закажаната конференција за новинари каде јавно ке се презентира подготвеноста на институциите за спречување на изборните нерегуларности.
Господинот амбасадорот покажа изненадување за големиот број на отворени предмети за предизборниот процес од страна на Државната комисија. При тоа се интересираше за причината на толкавиот број на предмети, дали се работи за неинформираност на институциите за Законот, дали тие едноставно го игнорираат или намерно го заобиколуваат Законот, на што претседателот на ДКСК го запозна Амбасадорот со фактичката ситуација. Факт е дека и покрај тоа што е почеток на деловна година со вработувањето очигледно се манипулира во предизборниот период. Најголемиот дел од отворените предмети се однесуваат на институции од локалната самоуправа или јавни претпријатија каде вработувањата не се одвиваат преку Агенцијата за државни службеници која спроведувајки ги препораките на ДКСК стави во мирување сите постапки за нови  вработувања.
Г-динот Фуере уште еднаш даде охрабрување за активностите на ДКСК во следењето особено на финансирањето на политичките партии во време на изборниот процес, а особено за исполнувањето на препораките на ОБСЕ.  При ова покажа интересирање за следењето на работењето на Државната комисија од страна на Собранието на РМ, со оглед на фактот што членовите на Државната комисија се избрани од страна на Собранието на РМ. Согледувајки дека Собранието воопшто досега нема земено во разгледување ниеден извештај на ДКСК, најави разговор со Претседателот на Собранието.
Sredba So FuereАмбасадорот на оваа средба потенцираше две поенти. Како прво силно ја подржа соработката помеќу институциите вклучени во борбата против корупцијата, што ДКСК ја реализира преку споменатиот Протокол за соработка и како втора ја нагласи потребата од почитувањето на препораките на ДКСК од страна на другите институции. Овие две поенти ги нагласи како чекори кон постигнување на нулта корупција.
Во насока на реализација на овие поенти укажани од страна на г-динот Фуере, Претседателот на ДКСК укажа на преземените активности од страна на Државната комисија, како што се учество на обуки за превенција од корупцијата во Академијата за обуки на судии и обвинители, Агенцијата за државни службеници, обуки на новинари предвидени со Стратешкиот план за односи со јавност, обуки за судирот на интереси, реализирање на јавни дебати на тема корупција и судир на интереси, спроведување истражување на јавно  мислење итн. Сите овие задачи ги посочи како задачи утврдени со Годишната програма за работење на ДКСК за 2009 година, од која му беше даден примерок исто како и од Стратешкиот план за односи со јавноста.
Работната средба заврши во 13.00 часот, по што се одржа и конференција за новинарите на која свои изјави дадоа Амбасадорот на ЕУ г-динот Ерван Фуере и Претседателот на ДКСК г-ѓа Мирјана Димовска.   

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo