13.03.2009 Државната комисија за спречување на корупцијата од 10.01.2009 година, денот кога е донесена одлуката за распишување на претседателските и локалните избори, работи по вкупно 339 предмети, од кои по огласи за вработувања или избор (173 огласи за 979 вработувања), продажба и издавање под закуп на недвижен имот (6) и разни јавни набавки (2), Државната комисија во 183 случаи се обратила со укажување со барање да се спроведе режимот што произлегува од Законот за спречување на корупцијата.Од повратните информации може да се заклучи дека во 70% од случаите, укажувањата се спроведени а по другите постапувањето е во тек.
Во овој период вкупно 133 органи и институции побарале мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата како да постапат во врска со вработувања, јавни набавки, склучување договори, исплата на буџетски средства, и од повратните информации може да се заклучи дека истите се целосно почитувани.
Преостанатите 23 предмети се постапувања на Државната комисија по претставки и известувања од физички и правни лица за кршење на режимот од Законот за спречување на корупцијата, по кои постапувањето е во тек.
Во десетина случаи има елементи за надлежно прекршочно постапување на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Досега се регистрирани 2 случаи со индиции за поткуп на избирачи за што е известено Јавното обвинителство на Република Македонија.
Во еден случај поради непочитување на член 11 став 2 од Законот за спречување на корупцијата е подготвено барање за поведување на прекршочна постапка.
|