Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта

dksk_logo08.10.2009 Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со своите законски надлежности, утврдени во Законот за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмет што се однесува на работењето на ЈНУ “Институт за тутун“ Прилеп и врз основа на Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи во ЈНУ “Институт за тутун“ Прилеп за 2007 година,  а врз основа на член 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата,  на ден 03.10.2009 донесе заклучок до Јавното обвинителство на Република Македонија и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на одговорни и службени лица од ЈНУ “Институт за тутун“ Прилеп, поради основано сомневање дека сториле кривично дело "Злоупотреба на службената положба и овластување" од член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Одговорните и службени лица од ЈНУ “Институт за тутун“ Прилеп ја искористиле својата службената положба и овластување и овозможиле ненаменско и незаконско трошење на средствата кои претставуваат државни расходи за 2007 година, со што е создадена можност за остварување незаконска финансиска корист за себе или за друг а на штета на Јавната научна установа.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo