Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
dksk_logo20.11.2009  Државната комисија за спречување на корупцијата реализирајќи ги своите активности предвидени во Акциониот план од Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси и Стратегијата за односи со јавноста, во соработка со УСАИД  програмата Светско учење на 16 ноември 2009 година во Апелациониот суд во Битола и на 18 ноември 2009 година во Апелациониот суд Гостивар организираше еднодневни обуки на тема “СУДИР НА ИНТЕРЕСИ-ПРЕПОЗНАВАЊЕ И НАДМИНУВАЊЕ”.
Обуките беа наменети за судии и јавни обвинители од Апелационите подрачја Битола и Гостивар и на истите присуствува  претставници  од сите целни групи - судии, јавни обвинители и стручни соработници.
На обуките се говореше за Законот за спречување судир на интереси, надлежностите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси и за Водичот за управување со судирот на интереси.
Целта на обуките беше запознавање на учесниците со поимот судир на интереси, како се доаѓа до него, како да се избегнат состојбите на судир на интереси и начините за негово надминување.
Учесниците на обуките особен интерес пројавија за кумулацијата на функции кај службените лица, за непотизмот и за подароците и начинот на нивно пријавување, предвидени во Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси и Водичот за управување со судирот на интереси како области со повисок степен на ризик за појава на судир на интереси. Воедно, истите побараа да им бидат презентирани и одредени примери од практиката по кои постапувала Државната комисија за спречување на корупцијата при извршувањето на надлежностите од оваа област.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo