Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
Државната комисија за спречување на корупцијата на седницата одржана на 18 мај 2010 година ги донесе следните заклучоци:

Предмет I.   ЛЕОНИД НАКОВ, член на Управен одбор   на Македонската радио телевизија       

Државната комисија постапуваше по предмет за утврдување на евентуален судир на интереси кај лицето Леонид Наков поради извршување на две функции истовремено.
Врз основа на прибавените информации и документација e утврдeно дека наведеното лице се наоѓа во состојба на судир на интереси заради истовремено извршување на функцијата член на Управниот одбор на Македонската радио телевизија и функцијата член на орган на политичка партија што е спротивно на член 136 став 1 алинеа 2 од Законот за радиодифузна дејност во кој децидно е предвидено дека член на Управниот одбор на Македонската радио телевизија не може да биде лице кое извршува должност во орган на  политичка партија.
Од овие причини во насока на отстранување на настанатата состојба, Државната комисија, покрај другото, во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати лично до лицето Леонид Наков со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршувањето на функција член на Управниот одбор на Македонската радио телевизија со што ќе ја отстрани состојбата на судир на интереси во која се наоѓа. Дописот од Државната комисија со барањето за постапување, лицето Леонид Наков го примил на ден 22.10.2009 година. Во смисла на член 23 став 1 во наредниот рок од 15 дена, сметано од 22.10.2009 година, односно најдоцна до 01.11.2009 година Леонид Наков требало да ја отстрани состојбата на судир на интереси утврдена од страна на Државната комисија, односно доброволно да се откаже од извршување на функцијата член на Управниот одбор на Македонската радио телевизија. Леонид Наков не постапи по барањето на Државната комисија по што, во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија донесе ОДЛУКА на лицето Леонид Наков да му се изрече мерка ЈАВНА ОПОМЕНА. По ваквата изречена мерка од страна на Државната комисија истиот е должен во наредниот период од 15 дена сметано од денот на приемот на одлуката со која му се изрекува мерката, да преземе дејствија во насока на отстранување на состојбата на судир на интереси, односно доброволно да се откаже од извршување на функцијата член на Управниот одбор на Македонската радио телевизија. Доколку тоа не го стори, Државната комисија согласно законот ќе продолжи понатаму со нејзиното постапување по овој предмет. Во смисла на член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси изречената мерка се објавува во средствата за јавно информирање.

Предмет II.     Препорака до Владата на РМ преземање активности за надминување на проблемите околу реализацијата на Програмите на локалните самоуправи за извршување на донесените конкретни управни акти за рушење на дивоградбите

Од досегашното постапување на Државната комисија по претставките-пријавите од областа на градежништвото и урбанизмот детектирани се одредени состојби, кои меѓу другото укажуваат на недоследности во делот на извршувањето на конкретните управни акти преку реализацијата на соодветните Програми за извршување на истите, донесени од страна на надлежните локални органи. Најчестиот одговор со кој се правдаат ваквите недоследности е дека недостасуваат средства за реализација на Програмите за извршување на конечните, односно правосилните конкретни управни акти за рушење на дивоизградените објекти.
Зад ваквите формални одговори на надлежните органи-дека недостигаат средства за уривање, што како проблем се провлекува повеќе години, се прикрива поволно тло кое продуцира искористување на функцијата, јавното овластување и службената положба и должност за остварување на каква и да било корист за себе или за друг, како и поволно тло кое продуцира повреда на законите. За сериозноста на состојбата по ваквото прашање укажува и фактот дека ваквите состојби се индицирани во повеќе средини.
Со оглед на ваквата фактичка состојба во конкретната област Државната комисија и препорача на Владата на Република Македонија и побара, во рамките на нејзините законски овластувања, да превземе активности кои ќе бидат во насока на надминување на проблемите околу реализацијата на Програмите на локалните самоуправи за извршување на донесените конкретни управни акти, што од друга страна таквата реализација на Програмите ќе овозможи доследна примена на начелото на законитост и оневозможување на користење на функцијата, јавното овластување, службената положба и должност за извршување или пропуштање на дејствие што според закон не смее, односно мора да се изврши, ниту пак да се подреди извршувањето на законитото дејствие на свој или интересот на друго лице,  односно доколку такви активности веќе се превземени да извршите проверка на ефектите од истите.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo