Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
logo-kontakt_5028.05.2010 Измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои влегоа во сила од 01 Јануари, 2009 година, воведоа одредби со кои на пензионерите кои се работно ангажирани односно имаат заснован работен однос, пензијата да им мирува во целост.

По јавно изнесените наводи во медиумите дека и покрај ваквите законски одредби, на министерот за правда, Михајло Маневски и на пратениците Стојан Андов и Благородна Дулиќ, во првите месеци од 2009 година им се исплатувале и плата и пензија, Државната комисија за спречување на корупцијата самоиницијативно отвори предмет за овој случај со цел проверување на таквите наводи.

По прибавените информации и потребната документација, Државната комисија истите детално ги разгледа по што донесе заклучок дека нема елементи за понатамошно надлежно постапување по овој предмет, поради што постапувањето по истиот се запира.

Ваквиот заклуок се заснива на неколку битни моменти:

- По утврдување на фактичката состојба се констатира дека министерот за правда, Михајло Маневски и пратениците Стојан Андов и Благородна Дулиќ, со ништо не го оштетиле Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. Согласно Законот за спречување на корупцијата, за да има дело на корупција во начело треба да бидат исполнети елементи кои значат злоупотреба на службената положба или овластување со цел да се прибави некаква корист за себе или за друг. Во овој случај, наведените лица ниту ја злоупотребиле нивната службена положба или овластување со цел да прибават некаква противправна корист, ниту прибавиле некаква корист за себе или за друг, ниту пак нанеле некаква штета на Фондот за пензиско инвалидско осигурување. 

- Од страна на Фондот за пензиско инвалидско осигурување направена е грешка при спроведување на новите измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со тоа што и покрај обврската што ја имале навремено да ја запрат исплатата на пензија за лицата кои се наоѓаат на работен однос, и понатаму продолжиле со исплатата на пензии кои што наведените лица во поголемиот дел и не ги примиле бидејки истите не им легнале на нивните сметки туку во тоа време се наоѓале во АД Македонски пошти, која врши дистрибуција на пензиите. Ваквата грешка не е сторена единствено само во овие три случаи туку и во неколку други случаи за други лица. Откако била увидена ваквата грешка, истата била соодветно исправена и надмината со вршење на поврат на средствата и извршени анулации од страна на Фондот за пензиско инвалидско осигурување.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo